Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев, во кој сегашниот претседател на СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев, во кој сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, а за време на владата предводена од СДСМ се обидувал да ја преземе здравствената установа претставува сомнеж за злоупотреба на моќта и директен удар врз владеењето на правото, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прс-конференција.

Филипче веројатно ја подготвувал продажбата, со зголемување на буџетот на Клиничката болница.

Според информации до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ, оваа Клиничка болница има најдобар буџет токму за време на владата на СДСМ, поточно кога Венко Филипче бил на власт.

Реклама

Што велат бројките?                                                                               

За 2015 година буџетот е  361.600.000 денари. Истиот се зголемува во 2017 година на 406.600.000 денари, а во 2018 година повторно се зголемува на 457.000.000 денари. Во 2019 година има уште едно поголемо зголемување или 612.000.000 денари, за во 2020 година достигне 682.000.000 денари или скоро 11 милиони евра.

Еве ги податоците и за наредните години:

За 2021 година, 602.000.000 денари, за 2022 година, повторно 602.000.000 денари,

за 2023 година, околу 548.000.000 денари, за 2024 година,  околу 515.000.000 денари, а во 2025 година или минатата година е намален на 479.883.000 денари.

Бројките се повеќе од јасни, Филипче правел огромен прилив на средства кон Клиничката болница Жан Митрев.

Замислете сето ова го правел човек кој требал да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем.

Филипче наместо грижа за граѓаните се занимавал која болница да преземе, како да ја изнуди од сопственикот со нудење помош за судска постапка што пак укажува за некакво целосно влијание врз системот.

Со години слушаме за апетитите на другарите Заев и Филипче и кон приватниот здравствен сектор.

Несомнено дека јавното обвинителство има многу работа. Обвинителството мора да се ангажира за овој и слични  случаи.