Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Халили и Петров под лупа за милионски криминали во ФИТР

Ќе му преседне ли пицата од антички Рим на Коста Петров? Поранешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе му преседне ли пицата од антички Рим на Коста Петров? Поранешниот директор на Фондот за иновации заработи кривична пријава зашто исплаќал пари за рецептот стар две илјади години без да добива избештаи за потрошеното, но и затоа што пари на „Фротирка АД Делчево“ авансно и дал кеш за набавака на 4 машини за ткаење, а на крајот пристигнала само 1.

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Коста Петров во краток разговор за Алфа вели дека до сега не добил повик за распит во Обвинителството, односно немал официјална потврда дека е поднесена кривична пријава.

Нема ништо стигнато, кога ќе има официјално, ќе имам став, вели Петров.

Реклама

Кривична има и за наследникот на Петров, Фестим Халили. Според пријавата тој ја злоупотребил службената положба и продолжил да и исплаќа пари на фирмата „Хојо Тек“, иако не ги исполнила обврските од договорот. Постојат сомнежи дека фирмата и одговорното лице, Дашмир Истрефи, извршиле измама.

Фестим Халили ги отфрла сите наводи во пријавите. Во прилично долгата реакција вели дека во негово време немало злоупотреби и дека Фондот бил главен мотор на македонската економија.

Со факти и вистина ќе се спротивставиме на сите обиди, преку дневно -политичка кампања, да се дискредитираат домашни компании корисници што подготвија, кофинансираат и реализираат инвестициски проекти во економијата, како и екипата на ФИТР кои што посветено и транспарентно сме ги извршиле нашите задачи, вели Халили.

Вкупната штета што ја нанеле двајцата поранешни директори, според пријавите, надминува 23 милиони денари.

Минатиот месец актуелниот директор на ФИТР Никола Додов најави дека ќе поднесува кривични пријави бидејќи со години се испумпувале пари за фирми блиски до поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, а во прашање беа 60-на фирми со чудни и сомнителни проекти.

ФИТР, чија основна работа е поддршка на иновации и наука, изминативе години беше дувло за скандалозни конкурси и залудно трошење пари – се поддржуваа проекти на партиски пријатели блиски до раководството, со не многу иновативни идеи.