Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Петкова: Повеќе домашно производство на електрична енергија, пониски трошоци и  сигурна енергетска иднина за граѓаните 

Енергетиката е една од најважните теми за секоја држава, но и тема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетиката е една од најважните теми за секоја држава, но и тема која директно го засега секое семејство. Затоа определба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, да го зголеми домашното производство и да создаде услови за предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите. Ќе почнеме со цената на електричната енергија. И покрај тврдењата на опозициската и предавничка СДСМ, дека струјата ќе поскапи за цели 5 проценти, реалното зголемување изнесува 2,28 проценти и е најниско во Европа, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе трета година од мандатот, цената на електричната енергија за граѓаните, не само што не е поскапена, туку Владата со новиот Закон најде решение со кое се отвора можност струјата за граѓаните да поевтини и 5 до 10%.

Воедно, Владата донесе мерки за субвенционирање на електричната енергија, со цел директно да го заштити стандардот на граѓаните и да спречи ценовен шок за домаќинствата.

Реклама

Но, нашата политика не се сведува само на тоа државата да интервенира кога има притисок врз цените, долгорочно решение е да произведуваме повеќе домашна електрична енергија и да ја намалиме зависноста од увоз.

Токму затоа, во април годинава домашното производство покри 88,8 проценти од вкупната потрошувачка во земјата. Тоа е значаен чекор кон нашата цел, Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија, односно на крајот од годината да произведува повеќе отколку што увезува.

Во исто време, се работи на консолидација и подобрување на работењето на ЕСМ, на зголемување на акумулациите и на максимално искористување на постојните производствени капацитети. Тоа го надополнуваме со нови инвестиции.

Потпишавме договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните-Фаза 3, што претставуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор, во вкупна вредност од 97 милиони евра.

„Битола 3“ е важен чекор кон зголемување на производството од чисти извори, додека со ревитализацијата на хидроелектраните покажуваме дека сериозно се грижиме и за постојните капацитети и нивното подобро искористување.

Паралелно со тоа започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во земјава, со 55 ветерници, кој ќе произведува електрична енергија за околу 100 илјади домаќинства, инвестиција на „Алказар Енерџи“ во вредност од пола милијарда долари.

Со потпишувањето на меморандум со „Казанџи Груп“, се отвора простор за реализација на значаен стратешки проект, вреден до една милијарда евра, инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата.

Затоа што, проектот предвидува три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електричната енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас, како и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас.

Со оваа инвестиција, се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата, а истовремено, со развојот на домашни производствени капацитети ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици.

Градиме енергетски систем кој ќе биде отпорен на кризи, флексибилен кон идните предизвици и усогласен со европските стандарди.

Кога зборуваме за енергетика, не зборуваме само за струјата што ја плаќа едно семејство денес, туку зборуваме за тоа каква држава ќе имаме утре, а целта на Владата е Македонија да биде држава која произведува, која извезува и која има сигурен и стабилен енергетски систем.