Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Петкоска: Во буџетот за 2025 година предвидени се 350 илјади евра повеќе средства за промоција и поддршка на туризмот

„Сите знаеме дека опоравувањето на економијата е најважната работа која влијае на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сите знаеме дека опоравувањето на економијата е најважната работа која влијае на животниот стандард, но за жал, сведоци сме на фактот дека крвната слика на македонската економија во моментот кога оваа Влада стапи на должност, беше застрашувачка. Се соочивме со недостиг на пари за плати, пензии, субвенции итн., кои ги имаше само на збор, без планирани, а уште помалку обезбедени средства за исплата“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Таа продолжи и додаде:

„Токму од овие причини, со самото превземање на власта, започна процесот на стабилизирање на јавните финансии, со усвојувањето на ребалансот за 2024 година кој ја наметна потребата од буквално воена дисциплина при трошењето на народните пари“, рече Петкоска.

Реклама

Петкоска истакна дека во буџетот за 2025 година предвидени се повеќе средства за промоција и поддршка на туризмот.

„Во оваа насока, а имајќи предвид дека во изминатите денови се кажаа најголем дел од бројките, главните цели на предлог буџетот и се е предвидено со него за следната 2025 година, јас ќе се фокусирам само на делот којшто се однесува на растот и развојот на македонскиот туризам. Сакам да ја информирам јавноста дека во буџетот за 2025 година се предвидени 123 милиони 619 илјади денари за агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, што значи дека туризмот добива 21 милион 262 илјади денари повеќе во однос на 2024 година или 350 илјади евра повеќе“, посочи Петкоска.

Петкоска заклучи дека зголемувањето на средствата е охрабрувачки правец кој е во интерес на целокупниот македонски туризам.