Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Економија

Петкоска: Со Ребалансот на буџетот предвидени се 2,5 милиони евра за субвенции и поддршка на туризмот

Денес продолжува амандманската расправа за Ребалансот на буџетот, со кој се предвидени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес продолжува амандманската расправа за Ребалансот на буџетот, со кој се предвидени 155 милиони денари или 2,5 милиони евра за субвенции и поддршка на туризмот, изјави Лидија Петкоска, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

„После 7 години безидејност, застарени стратегии и нефункционални закони, конечно, ги поставуваме темелите на туристичкиот развој на Македонија.
Во само една година ја исполнивме основната заложба и ветување туризмот да влезе под закрила на културата, бидејќи станува збор за меѓусебно поврзани и неразделни поими.

Денес веќе имаме Министерство за култура и туризам.

Реклама

Ја поврзавме државата со светот преку 11 нови авио линии од двата аеродроми и обезбедивме 360 милиони денари финансиска поддршка.

Воведовме чартер лет за 40.000 туристи од Германија годишно, надвор од сезоната, а преку изградените и обновените патишта, овозможивме туризмот да се развива како што му прилега.

Благодарение на засилената промоција, развојот на туристичките капацитети и пристапот кој им овозможува на посетителите автентично доживување на нашата култура, традиција и природна убавина имаме зголемен интерес за Македонија, која веќе станува атрактивна дестинација преку целата година.

Конечно се зголемува бројот на туристи во месеците надвор од традиционалната сезона, што укажува на успешна диверзификација на туристичката понуда, а Македонија е на добар пат да стане водечка туристичка дестинација во регионот.

Токму тоа го потврдува и извештајот од Државниот завод за статистика, кој ги даде првите позитивни факти за туризмот, кои говорат дека Македонија бележи рекорден пораст на бројот на туристи, при што во правата половина од 2025 година имаме раст од 21,6% во однос на истиот период минатата година, што е добар инпут за бруто-домашниот производ и во вториот квартал“, потенцира Лидија Петкоска, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Таа додаде дека некои зборуваа и напразно ветуваа, ние изградивме патишта, проекти, доверба.

„Го пуштивме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум, пат кој беше заборавен, а кого го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните и туристите и кој конечно го добиваме затоа што сме свесни дека инфраструктурата ги отвора вратите за туризам, за економија, за регионално поврзување, за работни места, за живот со достоинство.

По седум години непоместено камче, повторно се отвори комплексот „Македонско село“ кој ја прераскажува македонската култура, автентичната архитектура и традиција.

Во министерството за култура и туризам, на ставката 22 „Плаошник“ – еден од најважните национални проекти, имаме зголемување од 362% односно 36 милиони денари за возобновување на Свети Климентовиот универзитет, а имаме зголемување од 2, на скоро 10 милиони денари на средствата за Скопско кале.

Работиме и на подобрување на условите за здравствен туризам, при што за реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга обезбедивме повеќе од 29 милиони денари, а за ЈЗУ Кардиологија – Охрид – над 24 милиони денари.

Паралелно, работиме на измена на законските решенија во полза на туризмот, нешто што во минатите 7 години беше невозможна мисија.

Во Собранието веќе е и Законот за измена и дополнување на Законот за туристичка дејност со кој прашањата поврзани со туризмот ги ставаме на единствена адреса и создаваме поврзана и функционална институционална целина што ќе одговори на реалните потреби на туристичкото стопанство.

Дополнително, со измената на Законот за игри на среќа, кој е во владина процедура, за развој на туризмот ќе се добиваат 4%, дополнителни средства кои се силен инпут за развој на секторот.

Почитувани, туризмот веќе не е нешто што се случува стихијно, туку е резултат на работа, лобирање на секој чекор, агресивна промоција на Македонија во светот, како и на институционални, реформски и организациски мерки за создавање на функционален и ефикасен систем кој ќе одговори на потребите на туристичката индустрија.

Ова не се само бројки, ова значи посветена работа, визија и конкретни чекори за вистински туристички раст и развој на Македонија“, истакна Лидија Петкоска, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.