Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Пет концепт-проекти пред граѓаните на Македонска Каменица: изборот на приоритетот продолжува

Во Македонска Каменица денеска се одржа втората сесија на Проектниот форум, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонска Каменица денеска се одржа втората сесија на Проектниот форум, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, на која пред граѓаните беа презентирани пет концепт-проекти произлезени од предлозите дадени на првата форумска сесија.

Меѓу предложените проекти се изградба на Музеј на рударството, уредување на патека на Калиманско Езеро, воспоставување ЕКО пазар во Македонска Каменица, изградба на училишен кампус и реконструкција на водоводната линија во село Дулица.

За секој од концептите учесниците имаа можност да дискутираат, да дадат мислења, забелешки и дополнителни предлози, со што процесот на дефинирање на локалните приоритети продолжува директно со вклучување на граѓаните.

Реклама

Од Општина Македонска Каменица посочуваат дека токму ваквиот пристап овозможува идниот приоритетен проект да биде усогласен со реалните потреби на локалната заедница.

За реализација на приоритетниот проект обезбеден е проектен фонд од 30 илјади американски долари, при што Општина Македонска Каменица учествува со 50 проценти од средствата.

Проектниот форум е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и спроведуван од УНДП во соработка со национални и локални партнери.

Процесот продолжува со избор на приоритетниот проект, а крајната цел е средствата да бидат насочени кон иницијатива која ќе има најголемо значење за жителите на Македонска Каменица.