Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Перински во работна посета на Делчево: Интензивирани инфраструктурни и туристички проекти вредни околу еден милион евра

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беше во работна посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беше во работна посета на Општина Делчево во рамките на кампањата „Каде што срцето е дома“. За време на посетата, оствари средба со градоначалникот Иван Гоцевски и заедно извршиja увид во текот на градежните работи за реализација на проектот од ИПА-Програмата „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград-Делчево“, вреден околу 1 милион евра.

-Овие инвестиции се директен одговор на потребите на граѓаните и придонесуваат за унапредување на јавниот простор, спортот и рекреацијата, рече Перински, нагласувајќи дека Министерството останува силен партнер на општините.

Тој информираше и за актуелниот повик објавен од Министерството и Бирото за регионален развој, преку кој на општините им се ставаат на располагање над 223 милиони денари за нови развојни проекти.

Реклама

На новинарско прашање дали Министерството може да направи повеќе за Општина Делчево која е финансиски лимитирана поради долг, Перински истакна дека се работи и на надминување на финансиските предизвици на општините, преку поддршка за ажурирање на базите на даночни обврзници и зајакнување на сопствените извори на приходи.

Градоначалникот Гоцевски оцени дека посетата на министерот е од исклучително значење и потврда дека општините не се оставени сами.

-Посетата доаѓа во време кога во Делчево интензивно се работи на повеќе значајни инфраструктурни проекти. Со министерот направивме увид во реализацијата на големиот ИПА-проект што го спроведуваме во партнерство со Општина Благоевград, вреден околу еден милион евра, од кои Делчево реализира над 388 илјади евра за изградба на скејт-парк и уредување на кејот на Брегалница во должина од 300 метри, изјави Гоцевски.

Тој додаде дека со проектот се превенираат поплави, се штити имотот на граѓаните и се создава функционална целина поврзана со спортскиот центар, која ќе биде во служба на спортот, рекреацијата и туризмот. Паралелно, во рамките на проектот се развива и маркетинг-стратегија за промоција на туристичкиот производ на прекуграничниот регион.

Гоцевски изрази благодарност за поддршката од Министерството за локална самоуправа за националното кофинансирање од 58 илјади евра, оценувајќи дека проектите значително ќе ја подобрат сликата на Делчево и квалитетот на живот на граѓаните во пограничниот регион.