Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Перински: Владата и натаму ќе биде стратешки партнер и поддршка на сите општини

Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, па…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, па во таа насока развојот на локалната самоуправа е една од стратешките цели на оваа Влада“, истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната Парламентарна конференција за економски реформи и план за развој на ЕУ за Западен Балкан, организирана од ВМРО-ДПМНЕ и шведската фондација Jarl Hjalmarson. (во организација на шведската фондација Jarl Hjalmarson), на која говореше за поддршката на Министерството и Владата за општините во насока на локален економски развој.

„Преку јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет, значително им помогнавме на општините да реализираат проекти кои очигледно им останале на хартија поради ограничените буџети. Поддршка ќе добијат и в година. Почнавме со постапка за изменување на Законот за локална самоуправа со цел да овозможиме унапредување на системот на локална самоуправа кој ќе придонесе за пофункционални општини и Град Скопје“, истакна министерот Перински.

Тој најави дека до крајот на 2026 година ќе бидат дигитализирани најважните услуги за граѓаните, меѓу кои и Е-даноци, што ќе овозможи целосно прибирање на данокот на имот во општините, без влијание на субјективен фактор, што значително ќе придонесе за полнење на општинските буџети.

Реклама

„Владата и натаму ќе биде стратешки партнер и поддршка на сите општини. На граѓаните им ветивме поквалитетен живот, тоа и им го овозможуваме“, посочи Перински.