Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Перински: Продолжува владината поддршка за општини со урбани и функционални решенија

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Велес, каде што се сретна со градоначалникот Марко Колев и членовите на општинскиот Совет. На средбата разговараа за тековните и идните проекти во општината, со акцент на инфраструктурниот развој, за текот на проектот од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, како и за сите мерки кои Општината ќе ги реализира самостојно, но и со поддршка од централната власт.

На Општина Велес на првиот владин повик одобрен и беше еден проект, партерно уредување на плоштад и изградба на подземна гаража во централното градско подрачје, а на вториот владин повик, кој трае до 30.април, Општината поднесе 16 апликации. На средбата беше заклучено дека владината инвестиција за уредување на плоштад и изградба на подземна гаража директно ќе придонесе за трансформација на урбаниот изглед на Велес, ќе овозможи нов јавен простор за жителите и ќе создаде поголеми можности за културни и социјални активности. Подземната гаража ќе го реши долгогодишниот проблем со паркирањето во центарот на градот и ќе обезбеди поефикасен и побезбеден сообраќаен систем, што е од особена важност за урбаната мобилност и секојдневното функционирање на граѓаните.

Министерот Перински порача дека Владата не отстапува од континуираната поддршката на општините, со јасна и единствена цел, создавање услови за поголем развој на секоја општина. Впрочем, како што беше заклучено на средбата, силна држава се гради врз темелите на развиени локални заедници.

Реклама

Денешната работна посета на Општина Велес е дел од теренските посети на министерот Перински на општините со цел директно запознавање и идентификување на сите предизвици во единиците на локална самоуправа и планирање насоки на движење за нивно надминување.