Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Перински: Потпишани Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции во државата за потребите на Ресурсниот центар за поддршка на општините

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница.

Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка.

Меморандумите имаат за цел да ја поврзат академската експертиза и научно-истражувачкиот потенцијал со реалните потреби на општините, преку заедничко делување во областите што се од надлежност на општините.

Реклама

– Потпишувањето на Меморандумите за соработка поттикнуваат заедничко делување во областите што се во фокус на  Ресурсниот центар за поддршка на општините и претставуваат значаен чекор во насока на јакнење на капацитетите на општините, изјави министерот Перински.

Меморандуми за соработка беа потпишани со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претставуван од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, претставуван од проректорот проф. д-р Атанас Христов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, претставуван од ректорот проф. д-р Игор Неделковски, Универзитет во Тетово, претставуван од ректорот проф. д-р Јусуф Зејнели, Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Беким Фетаји и Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, претставуван од ректорот проф. д-р Садудин Ибраими.

Преку оваа иницијатива ќе се поттикне експертска поддршка за општините, во насока на унапредување на локалниот развој и подобрување на услугите што ги добиваат граѓаните.