Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Перински: Полициентричен развој на државата преку поддршка на сите општини

Ние видливо ставаме фокус на полициентричен развој на државата преку поддршка на сите општини бидејќи развојот не смее да се концентрира само на едно место или само во еден регион – истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински пред членовите на собраниската Комисија за локална самоуправа образложувајќи го предлогот за изменување и дополнување на стратегијата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние видливо ставаме фокус на полициентричен развој на државата преку поддршка на сите општини бидејќи развојот не смее да се концентрира само на едно место или само во еден регион – истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински пред членовите на собраниската Комисија за локална самоуправа образложувајќи го предлогот за изменување и дополнување на стратегијата за регионален развој на земјава за периодот 2021 – 2031 година.

Министерот Перински појасни дека по пет години од спроведувањето на стратегијата, сосема е оправдано да се направи објективен пресек на постигнатото и онаму каде што мерките даваат резултати, како што нагласи, да продолжиме со уште поголем интензитет, а таму каде што се утврдени слабости и ограничени ефекти, да направиме соодветни корекции. Тоа е суштината на предложените измени и дополнувања, кои се резултат на спроведена консултација со сите релевантни фактори за имплементација на стратегијата.

– Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен и плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките цели и приоритетите на политиката за рамномерен регионален развој. Предложените измени не претставуваат промена на стратешката развојна насока, туку логичен чекор што произлегува од спроведена анализа и од обврската политиките да ги темелиме на реални податоци и измерени резултати. Стратегијата беше подготвена врз основа на демографски податоци од период пред пописот на населението во 2021 година. Новата демографска слика мора да се вгради во начинот на планирање и спроведување на политиката и во целокупната слика за држава во делот на рамномерниот регионален развој. Покрај усогласувањето со новата демографска слика, ревидираната стратегија обезбедува јасна усогласеност со националата развојна стратегија 2024 – 2044 создавајќи единствена рамка за планирање и спроведување на развојните политики на национално ниво – посочи министерот Перински.

Реклама

Членовите на собраниската Комисија за локална самоуправа беа информирани дека предложените измени и дополнувања на стратегијата за регионален развој се водат од три принципи. 

– Првиот принцип значи редефинирање и бришење мерки, кои во пракса се покажале како административно тешко спроведливи, односно неспроведливи. Второ, поставување на мерките на начин што ќе обезбедат континуитет и во голема мера применливост во идните владини програми и фискални стратегии и, трето, воведување нови мерки, каде што оценувањето утврдило празнини, особено во регионалното известување, следење на ефектите и поттикнувањето на порамномерна инвестициска активност – истакна Перински и додаде дека јавните политики на државата треба да создаваат услови за порамномерен економски раст, подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги и подобри можности за живот на граѓаните во сите региони.

Комисијата за локална самоуправа, со која претседавеше пратеникот Драган Ковачки, во целост го прифати предлогот за изменување и дополнување на стратегијата за регионален развој 2021 – 2031, изработен од Министерството за локална самоуправа.