Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Перински од Штип: Од првиот јавен повик од унгарскиот заем од 288 проекти близу 50 отсто се веќе реализирани, а во вториот за над 55 отсто проекти веќе се склучени договори

Речиси 50 отсто од проектите од првиот јавен повик на Владата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 50 отсто од проектите од првиот јавен повик на Владата за искористување на средства од заемот од Унгарија веќе се реализирани, а склучени се договори со 55 проценти од проектите од вториот јавен повик на Владата, истакна денеска министерот за локалната самоуправа, Златко Пирински при посетата на Штип. Тој додаде дека општините и градоначалниците придонеле  да се реализираат проекти, кои се од големо значење за нив, а се финансисрани од страна на државата, преку унгарскиот кредит.

-Од првиот јавен повик повеќе од 48 отсто се веќе реалзирани од оние 288 проекти, а во вториот јавен повик повеќе од 55 отсто проекти веќе се со склучен договор, што значи веќе се изведуваат на терен, така што многу е соодветна динамиката и градоначалниците го дадоа својот придонес, изјави Пирински.

Министерот за локалната самоуправа, Перински најави и дека од почетокот на 2026 година ќе се работи на мапирање со општините во делот на ажурирање на базите на даночни обврзници. Целиот трошок ќе биде на товар на државата.

Реклама

-Детектирани слабости има најмногу во делот на човечкиот капацитет во рамки на општинската администрација и истото се нотира во извештаите на Европската комисија повеќе од десетина година. Главниот фокус ќе биде, покрај тоа што треба да испорача услуга, индиректно ќе треба да има знаење во делот на општинската администрација, рече Пирински.

Тој додаде дека за двата јавни повика се издвоени околу две милијарди денари, а се издвојуваат и дополнителни финансиски средства со што се нуди помош на општините за реализација на проекти.