Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Перински: Комуникацијата на Град Скопје со градоначалниците не постои, со смената на Арсовска, многу работи ќе се подобрат

Дупки по афалтот, лошо означени пешачки премини и сигнализација. Неисчистени улици, ѓубре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дупки по афалтот, лошо означени пешачки премини и сигнализација. Неисчистени улици, ѓубре на секое ќоше низ метрополата. Состојбата во градот Скопје е алармантна, а градоначалничката Арсовска се изолираше од сите.

Тоа што централната власт и скопските градоначалници не можат да ја контактираат, паѓа на грбот на граѓаните. Министерот за локална самоуправа, Перински, рече дека по локалните избори на есен, Арсовска ќе си замине од градоначалничката функнција и работите ќе се сменеле на подобро.

„После ноември, многу работи ќе се подобрат на подобро. И комуникацијата со сите градоначалници мора да биде на дневна основа за да се надминуваат препреките. Најголемиот проблем кој Град Скопје го прави за општините се опструкциите на секое ниво и во суштина оние средства кои се влеваат во Град Скопје, а потекнуваат од страна на локалните самоуправи во Градот Скопје, несразмерно се инвестираат“, изјави Златко Перински, министерот за локална самоуправа.

Реклама

Дека нема никаква комуникација меѓу Градот и општините потврдува и првиот човек на Чаир. Висар Ганиу вели дека службите на Данела Арсовска целосно ги игнорираат, не добивале никаков одговор на нивните барања.

„Ние сме побарале неколку пати писмено, но навистина значи нема слух, да не дослоушат или да интервенираат во тој дел. Само за пример неколку пати имам кажано, имаме еден булевар улица, „Ферид Мурати“ каде три и пол години нема сигнализација, не е асфалтиранио нема пешачки премин линии нема каде да се паркира, а Град Скопје тера инает“, изјави Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.

На работната средба Ганиу и Перински разговараа и за измените на Законот за локална самоуправа кои се подготвуваат. Со нив, меѓу другото, се предвидува и можноста за отповикување на градоначалник преку референдумско изјаснување.

Љубиша Владимиров