Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Пендаровски збори едно, Бугарија друго- игра на нерви или игра на факти?!

Стево Пендаровски не ја гледа или  намерно затвора очи пред реалноста. Шефот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стево Пендаровски не ја гледа или  намерно затвора очи пред реалноста. Шефот на државата на неколку месеци пред крајот на својот мандат вели дека Бугарија веќе немала политичка сила за нови блокади, а од официјална Софија стигнаа сосема спротивни пораки. Ги испрати директно бугарската министерка за надворешни работи и идна премиерка Марија Габриел и порача дека работата нема да заврши само со уставните измени.

-Не се само уставните измени, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола. Ние имаме три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречениот компромис од 2022 година. Вистината е дека направивме две технички средби- една во јули во Софија, една во октомври во Скопје- и за жал утврдивме дека по нив нема напредок. Ние сме земја членка на ЕУ, и како земја членка со своите барања кон Македонија кажуваме дека кога сакаш да бидеш членка на ЕУ, треба да ги исполниш барањата кои ти самиот си ги презел, изјави Габриел.

И додека во Македонија претставниците од власта како на лента повторуваат дека само уште уставните измени да ги направиме и влегуваме во ЕУ, Бугарија повторува дека се што сме потпишале ќе мора да исполниме. И пред три месеци истото  ни го кажа Габриел.

Реклама

-Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули 2022 година, јасно да се спротивставиме на обидите за лажни информации и дезинформации дека Бугарија има нови услови, а во меѓувреме јасно да опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет, Марија Габриел, министерка за надворешни на Бугарија.

Инаку, бугарскиот Парламент на денот на своето распуштање пред две години излгаса Декларација со која покрај условите кои ги имавме претходно,  добивме и нови, а поврзани најмногу со историјата.

-Отфрлување на лажните и манипулативни тврдења за бугарското минато во општеството, општествениот и политичкиот простор на Република Северна Македонија и ги прифаќа како намерно влевање омраза кон Бугарија и Бугарите. Точка осум: Истакнува дека заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓани со бугарска самосвест во Северна Македонија мора да се гарантира преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлуката на 47-то Народно собрание од 25 јуни 2022 година, изјави Захариева.

Инаку, најпроблематични делови во бугарско македонските односи, се историските прашања, каде Бугарија се обидува да удри директно врз македонскиот идентитет, односно не сака да го признае македонскиот јазик, а бараат и да признаеме дека илинденските херои, во прв ред Гоце Делчев биле Бугари.

Матеја Петровски