Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Пендаровски повторно без Ковачевски: Во Кичево ги повикуваше граѓаните на бина да покаже дека има поддршка

-Повелете сите на бина, кажа Пендаровски Стево Пендаровски повторно без Димитар Ковачевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Повелете сите на бина, кажа Пендаровски

Стево Пендаровски повторно без Димитар Ковачевски, за да покаже дека имал поддршка ги повика сите присутни на синоќешниот централен митинг во Кичево да се качат на бина, од каде најголем дел од говорот повторно реши да ја напаѓа опозицијата, но и да најави дека ќе жигосувал криминалци, па дури и да му се најблиски роднини.

-Нема разговори кај мене за провизии, тендери, непотизам, за судир на интереси. Јас работам за плата, не работам за проценти, не работам за криминални структури и така ќе биде и понатаму. Сите кои влегуваат во криминал таман да ми се и најдобри другари и најблиски роднини ќе бидат јавно жигосани и од нив ќе се откажам јавно и ќе побарам надлежните органи да ги процесуираат, кажа Пендаровски.

Реклама

Ковачевски ниту вечерва нема да биде на митинг на својот кандидат за претседател, имал друга агенда. Вели дека Пендаровски можел сам да си презентира својата програма.

-Тој својата програма ќе ја објасни пред граѓаните, со граѓаните и за граѓаните, бидејќи на крајот на денот претседателот Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани, а не продолжена рака на некоја партија, како што е кандидатката Силјановска Давкова. Вечерва јас имам друга агенда, гледате дека денеска сум со промоција на претседателскиот кандидат, сега сум во општина Центар, подоцна ќе одам во општина Сопиште и подоцна одам во општина Карпош, изјави Ковачевски.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци порача дека Македонците заслужуваат подобар и претседател и премиер. Вели дека Македонија била партиска и далеку од правна држава во моментов.

-Немојте да се зачудите ако ме видите на протести со граѓаните, мислам дека тоа ќе биде добар знак. Ако законот што имаат намера да го донесат пратениците сметам дека е неуставен ќе ставам вето. Зошто? За да покажам дека јас не сум на Уставот и законот, туку под Уставот и дека ќе го штитам него, кажа Силјановска Давкова

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека промени мора да има, а дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е вистински патоказ во која насока треба да се движи државата.

-Нашата платформа 1198 е отисок на позитивна промена, која допира до суштината на вашето секојдневие и ве става вас како индивидуа на прво место. Тоа е нашата заклетва дека граѓаните на Македонија секогаш ќе бидат на прво место, иднината не е апстрактен концепт, таа е опиплива реалност, вели Мицкоски.

Бујар Османи пак со партиската реторика на ДУИ, вети дека ако станел претседател ќе ги чистел државните институции од руското влијание

-Веднаш после изборот на претседател, иницирање на формирање на меѓународен борд во комбинација со државните институции за пресертифицирање на сите носители на јавни функции. И така мислам дека ќе имаме прочистување или чистење на институциите во однос на руското влијание и корупцијата, изјави Османи

Кандидатот на здружената албанска опозиција, Арбен Таравари пак ветува дека ќе ги наградувал финансиски успешните спортисти.

-Како претседател ќе се обидам во овој правец да инвестирам и да инсистирам во следната Влада да се евентуално, да се спонзорираат тие кои што се успешни спортисти, а вие знаете дека веќе имаме кредибилни и познати спортисти од Македонија кои што играат во странски држави, изјави Таравари.

Кандидатката на Левица Билјана Ванковска пак најавува целосно нов Устав.

0Значи настапувме не со прашање дали Бугарите во Устав или не, туку со сосема нов Устав, бидејќи овој практично продуцира еден нефункционален правен, политички и уставоправен систем, изјави Ванковска.

Максим Димитриевски ветува формирање на меѓународен тим кој ќе работел на прилагодување на рамката во делот на Францускиот предлог за придвижување напред на процесот кон Европската Унија.

-Вака Македонија како што стојат работите, стои во место и сметам дека мора да се изнајде начин и модел со кој ќе се модифицира прегорачката рамка, изјави Димитриевски.

Стево Јакимовски пак реши да го нападне својот ривал Димитриевски, дека со ваквата реторика прифаќал внесување на Бугарите во Уставот.

-Со ова господинот Димитриевски им се приклучува на ДУИ и на Алијанса, и на Алтернатива, нивните ставови дека и тој ќе поддржи промена на Уставот на Република Македонија, изјави Јакимовски.

Кампањата за првиот круг од изборите, која влезе во четвртиот ден, трае до 22 април, а веќе вечерта на 24-ти ќе се знае кои двајца од седумтемина повторно ќе се соочат во втроиот круг на 8 мај.

Матеја Петровски