Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Пендаровски, од резервираност за вонредна состојба, до продолжување на своја рака

Од резервираност за прогласување вонредна состојба до подготвеност таа да се продолжи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од резервираност за прогласување вонредна состојба до подготвеност таа да се продолжи своеволно и на тој начин да се пополнат уставните празнини.Во овој дијапазон варираа ставовите на шефот на државата во зависност од развојот на ситуацијата со корона вирусот. Тој вчера реши на своја одговорност да прогласи нова вонредна состојба од 30 дена иако уставотворецот не предвидел ваква можност. Вели дека го направил ова бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет. Пред еден месец кога бројките со заразени од корона беа сосема поинакви Пендаровски сметаше дека нема потреба да се избрзува со порадикални мерки. Изјави дека и во кризна состојба Македонија вовела мерки кои во други држави се карактеристични за вонредна состојба.

“Апсолутен приоритет не само з амене туку за сите е здравјето на граѓаните. И јас со таа цел ја носам оваа одлука”, изјави Пендаровски по вчерашната седница на Советот за безбедност.

“Општ беше заклучокот дека не треба да избрзуваме со голо декларирање на повисоко ниво на некои состојби како што е на пример вонредната состојба или кризната состојба на целата територија”, изјави Пендаровски пред еден месец.

Реклама

Според професорот Апасиев причина за ваквиот потег на претседателот е не знаење и лоши советници или суета поради различните ставови со Талат Џафери за тоа дали собранието може да се состане. Идниот парламентарен состав мора да ја разгледа работата на шефот на државата, истакнува Апасиев.

“За жал за прв пат Талат Џафери е во право. Н еможе да свика Собрание кое е веќе распуштено. Толку крај на приказната. Според мене идниот парламентрен состав треба да иницира импичмент за Пендаровски за ова што го направи”, вели Апасиев.

Професорот вели дека вонредната состојба во оваа ситуација е непотребна бидејќи може да се менаџира со законите за заштита од заразни болести и управување со кризи. Владата според него исто така ја злоупотребила концентрацијата на моќ во вонредна состојба носејќи уредби со зкаонска сила кои немаат поврзаност со кризата предизвикана од вирусот

“Една третина од уредбите дали беа поврзани со борба со корона. Две третини немаат никаква врска со заштита на населението. Се и сешто се донесе се донесоа хонорари за СЈО за ИВЗ за МПЦ. Суштината е да продолжат со нивното самоволие”, вели Апасиев.

Македонскиот Устав предвидува дека вонредната состојба може да трае најмногу 30 дена. Владата според член 126 е надлежна да носи уредби со законска сила чија важност треба да престане со завршувањето на вонтредната состојба.

Градимир Марковски