Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Педијатри, гинеколози, хирурзи кардиолози – почна опремувањето на здравствениот систем со нов и свеж кадар

Почна трката за вработување на лекари во клиниките и болниците. Во тек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна трката за вработување на лекари во клиниките и болниците. Во тек се тестирања, по што ќе следуваат интерјуа и добивање на решение за работа.Огласите за педијатри, гинеколози, хирурзи, кардиолози, радиолози, интернисти и нефролози се најчестте специјализации кои се бараат во јавнот здравство. До крајот на мај ќе бидат вработени 300 млади лекари, следната недела ќе бидат објавени и огласи за вработувања на медицински сестри и техничари.Неделава ќе има огласи и за вработување на 1.200 луѓе кои со години работеле договор на дело.

Според синдикалците, вработувањата на младите специјализанти е нова надеж за граѓаните. Тие сметаат дека со зголемување на борјот на здравствени работници во Македонија нема да се дозволи стагнација на македонското здравство.

“Договорците на дело кое беа заборавено минато за претходната власт и дрско беа изманипулирани со доаѓањето на новата Влада почнаа и конкурсите за нивно вработување.Значи они станаа реална вистина.Во Клиничкиот центар во Скопје, пуштени се конкурсите за приватните специјализанти каде што во ек се и тестирањата..Од вчера има пуштено за прием на приватни специјализанти кои се од голема потреба и дефицит се во сите ЈЗУ, од наредната недела ќе има конкурси и за средно медицински персонал и помошен технички персонал” вели Боби Бојчевски, од независниот синдикат на здравствени работници.

Реклама

Здравствените работници кои работеа со договор на дело оваа недела ќе имаат шанса преку јавни огласи да конкурираат и добијат договор на неопределено. Синдикалците велат дека Македонија има квалитетни лекари кои државата не смее да дозволи да ги изгуби.

“Според наши пртпоставки и да се земат сите дипломирани доктори и да се примат сите заврешни медицински сестри и пак ќе има дефицит на кадар.Македонија секогаш има кадар затоа што располагаме со добри училишта и Медицински факултети” вели Бојчевски.

Ветувањата на здравствените власти беа дека 300 специјализанти ќе бидат вработени во април и мај, а останатите 300 по локалните избори. Изминатата година приватните специјализанти повеќе пати излегоа на протест,барајќи повисоки плати и регулиран работен однос.