Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Пчеларството во Македонија станува се потешко, климатските промени и иселувањето на младите си го земаат данокот

Димитар Алексоски е човек кој е длабоко навлезен во својата осма деценија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Димитар Алексоски е човек кој е длабоко навлезен во својата осма деценија и кој целиот свој живот им го посветил на пчелите и пчеларењето. Вели, искрената посветеност на овие исклучително паметни, вредни и корисни инсекти, му го продолжува животот и затоа тој нема намера да се откаже од нив, дури и во овие сериозно возрасни години кои се’ потешко ги носи на својот грб. Ама, носталгично присетувајќи се на минатите времиња, Алексоски констатира дека од година во година, пчеларењето кај нас станува се’ потешко.

„Во времињата кога се пчеларело, немало ни болести, природата била далеку поиздашна отколку сега. Со климатскиве промени е многу нарушено и да не речам, ентузијасти сме што опстојуваме. Во времето можело да се живее и професионално од мед, а сега е многу, многу тешко, многу труд треба да се вложи и големи инвестиции, бидејќи горивата се многу оскапени, транспортот е тежок“, – ни рече Димитар Алексоски, пчелар и член на ПЗ „Братство“, Прилеп.

Она што дополнително загрижува околу иднината на оваа земјоделска гранка, вели Алексоски, е тоа што пчеларењето кај нас е семеен бизнис, па сега со масовното иселување, но и незаинтересираноста на младите, ќе нема кој да го продолжи овој општествено-корисен „занает“.

Реклама

За жал, сегашниве деца сите ни бегаат и лично јас имам проблем дали да ги намалувам пчелните друштва…бидејќи годините ме потиснаа. Е, сега има внук што е заинтересиран, ама моментално е на факултет. Ми е многу жал и криво што толку труд сум вложил, толку инвестиции, и ако не продолжи никој“, – со нескриена тага коментира Алексоски.

Според Алексоски, пчеларењето е знаење кое макотрпно се учи со години. Па затоа препорачува и државата да почне да презема стратешки мерки, а што не беше случај во последниве години, за оваа исклучително важна земјоделска гранка да може да опстои, но и да се стимулира и развива.

Каролина Дурло