Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Пазарниот инспекторат изрекол глоби на 3 трговци што не ги спуштиле цените на училишниот прибор

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник бр. 183/24) односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Констатирани  се неправилности кај три правни субјекти по однос на Одлуката. Еден трговец на големо, голем правен субјект за што се изречени глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 452.000 денари и заради неводење на трговска евиденција во вредност од над 200.000 денари. Казнети се  и два трговци на мало (голем и мал правен субјект).  За големиот правен субјект издадена е глоба во вредност од над 452.000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект изречени се глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105.000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76.000 денари.

Надзорите се прават низ цела територија на Македонија. Казните изнесуваат од 800 до 10000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност со Законот за трговија.

Апелираме до трговците да ја почитуваат Одлуката и најитно да ги прилагодат цените. Надзорите ќе продолжат и  инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката.

Реклама

Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk.