Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Пазарите и торбите полни – граѓаните ги прават последните подготовки пред Велигден

И пазарите и торбите полни за Велгдин, но парични празни. Граѓаните ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И пазарите и торбите полни за Велгдин, но парични празни. Граѓаните ги направија последните подготовки пред големиот христијански празник. И покрај високите цени, сепак велат дека за овој голем ден нема да штедат.

На зелените парзари , забележавме повисоки цени од пред една недела, на некои производи дури и самите пазарџи признаваат дека се двојно покачени.

„За енормно скапата живеачка не треба многу да се зборува, доволно е да се направи обиколка низ маркетите и пазарите каде цените се драстично зголемени. Капак на сè е што по традиција пред голем празник како што е велигден, цените дополнително се корегираат нагоре. Граѓаните се жалат, додека трговците тријат раце“.

Реклама

Табла јајца пред Велигден достигнува цена и од 300 денари во зависност од големината. Килограм јагнешкото стигна до 800 денари.

Доматите на повеќето места имаа цена од 120 денари, а крставици не може да се најде под 100 денари, додека пиперката стигна и до 130 денари.Килограм компир е 40 денари.

И телешкото и свинското станаа луксуз за голем дел од македонските семејства. Килограм свежо свинско е од 370 па нагора, а килограм телешко од 500 па нагоре. Годинава инфлацијата е помала од лани, но сепак останува висока. Во март достигнала 4%.

Минималната потрошувачка кошничка и натаму урива рекорди и во април ја надмина психолошката граница од 60.000 денари. Синдикатот пресметал дека за едно четири лено семејство да го протурка месецот биле потребни 60.212 денари и тоа доколку не плаќа ќирија, односно има сопствен стан.

Љубиша Владимиров