Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

„Патека до самостојност“ – нов концепт што им отвора иднина на младите без родителска грижа

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ го промовира новиот концепт „Патека до самостојност“, наменет за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ го промовира новиот концепт „Патека до самостојност“, наменет за стратешка едукација и подготовка за самостоен живот на деца без родителска грижа. Концептот беше официјално прифатен од Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ – Скопје означувајќи почеток на нова фаза во поддршката на овие млади луѓе.

За разлика од досегашниот пристап заснован на донации, новиот модел воведува одговорно сопствеништво, каде што децата на возраст од 10 до 17 години преку труд и стекнување знаења го заработуваат правото на сопственост на својата компјутерска опрема. Компјутерите не се подарок, туку прва „професионална плата“ за успешно завршена обука.

Клучен елемент во програмата е „Пасошот на вештини Марјановиќ“ – документ што го следи напредокот на секое дете. Секој завршен модул носи виза во пасошот, а целосно пополнетиот пасош значи дека детето ги стекнало трајната сопственост на компјутерот и конкретните применливи вештини.

Реклама

– Сакаме децата да знаат дека се способни, вредни и дека со сопствен труд може да постигнат сè. Нашата цел е тие да излезат од институционалната грижа со знаење, самодоверба и пасош на вештини што ќе им помогне при вработување – изјави Александар Марјановиќ, основач и извршен директор на Фондацијата.

Директорката на Детскиот дом „11 Октомври“, Павлина Трајановска, истакна дека програмата има значајно влијание врз емоционалната стабилност и мотивацијата на децата нагласувајќи дека чувството оти нешто им припаѓа затоа што го заслужиле е од непроценливо значење за нивната иднина.

Едукацијата ќе ја спроведува академијата „Еверест“ преку пет образовни столба: основи на „Виндоус“ и безбедно користење интернет, „Мајкрософт офис“, англиски јазик, креативни дигитални вештини и кариерна обука. Наставата ќе се реализира хибридно преку менторски средби, онлајн-часови и дигитална библиотека со материјали.

Проектот се реализира со поддршка на многубројни партнери, меѓу кои „Даталаб“, „Сетек“, „Кабтел“, ФИНКИ, МАСИТ и МАЧР, како и неколку домашни и странски донатори. Идејата произлегува од личната животна приказна на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, со цел децата без родители да добијат вистинска шанса за квалитетно образование и достоинствен живот во Македонија.