Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Парични награди за најуспешните средношколци во Делчево

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска ги награди најуспешните средношколци од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска ги награди најуспешните средношколци од градот, доделувајќи им по 10 000 денари за постигнати резултати на државни натпревари.

Паричната награда ја добија учениците Лука Стоименовски и Ива Цонева од СОУ „М.М. Брицо“, кои освоија второ место на државните натпревари по италијански јазик и по географија.

На средбата со наградените ученици и директорката на училиштето, Марина Синадиновски, градоначалникот Гоцевски разговараше за состојбите и предизвиците во средното образование, како и за можностите за дополнителна поддршка и унапредување на резултатите на учениците.

Реклама

– Исклучително го ценам секој успех на нашите ученици. Делчево има талентирани млади луѓе кои заслужуваат да бидат препознаени, наградени и мотивирани да продолжат со успесите, изјави Гоцевски.

Од Општина Делчево информираат дека буџетот за образование за 2026 година е зголемен за 250 илјади денари, средства кои ќе бидат насочени кон поддршка на талентирани ученици. Воедно, зголемени се и општинските стипендии и награди, а првенците на генерацијата ќе добиваат еднократна парична награда.

Јавниот конкурс за доделување стипендии, како што најавуваат од Општината, ќе биде распишан во текот на овој месец.