Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Прилози

Пари преку Фондот за иновации се делеле без контола: Алфа дојде до скандалозни информации

Фирма за увоз извоз за креирање на компјутерска игра зела 20 илјади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фирма за увоз извоз за креирање на компјутерска игра зела 20 илјади евра, а компанија за кетеринг добила 30.000 евра за производство на козметика од природни препарати од Фондот за иновации. Двете фирми се пријавиле на јавен повик за поддршка на старт ап компании, а сега се пред извршител поради долгови и за нив следуваат кривични пријави.  

Ова се само неколку фирми од вкупно 60, за кои директорот на Фондот за иновации најави кривични пријави поради злоупотреби на државни средства преку фантом проекти.

Од наредната недела МВР, Обвинителството и финансиската полиција ќе ја добијат документацијата од Фондот за иновации, брифираат извори од ревизијата и истрагата на правниот тим. 

Реклама

Обвинителството е децидно. Засега нема да реагира по допрен глас бидејќи чека  директорот Николо Додов да ја заврши задачата.

Јавното обвинителство постапува по допрен глас во услови кога надлежните органи за контрола и истражување не ги извршиле своите задачи и не постапиле согласно своите надлежности. Во конкретниот случај, самиот директор кој наведе дека ги открил сомненијата за незаконитости најави дека ја подготвува документацијата за да достави кривична пријава, што претставува негова законска обврска, велат од Јавното обвинителство.

Антикорупциска од август оваа година неколкупати досега се обратила до Фондот и барала документи за конкретни проекти.

Пред неколку дена првиот човек на Фондот за иновации обелодени дека изминативе години претходниците делеле пари на фирми блиски до тогашната власт за фантом проекти.

Две фирми се со седиште во струмички Глобал и се поврзани со поранешниот премиер Зоран Заев. На списокот фирми што според информациите незаконски цицале средства се и две компании на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети.  

За криминалот во Фондот поранешен антикорупционер којшто истражувал што се случува таму коментира дека поранешните директори си носеле правилници водејќи се од девизата „Се што не е забрането е дозволено“.