Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Папата Лав XIV ја одржа првата миса – Нови надежи и предизвици за Католичката црква

„Црквата може да помогне да се осветли мракот во овој свет“. Папата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Црквата може да помогне да се осветли мракот во овој свет“. Папата Лав XIV ја одржа првата миса откако застана на чело на Римокатоличката црква. Во обраќањето кое во најголем дел беше на англиски јазик изрази жалење поради фактот што во многу делови од светот технологијата, парите, успехот, моќта и задоволството се ценети повеќе од христијанската вера, која, како што предупреди, на многу места се смета за апсурдна, наменета за слабите и за неинтелигентните.

„Со овој избор Бог ме повика да го наследам Кнезот на апостолите и ми го довери ова богатство за, со негова помош, да бидам негов верен управител за доброто на целото мистично тело на Црквата… Знам дека можам да се потпрам на секој од вас додека продолжуваме да чекориме заедно како Црква, како заедница, како верници, за да ги објавиме добрите вести, да го објавиме Евангелието“ порача Папата Лав XIV.

Илјадници туристи и верници се собраа пред базиликата Свети Петар во Рим за време на првата миса на Лав XIV.

Реклама

Велат дека очекуваат новиот папа да продолжи по стапките на неговиот претходник Франциск.

Тој зборуваше многу пофално за папата Франциск. Па мислам дека ќе ја следи истата линија. Беше многу трогателно кога зборуваше и на шпански“, вели турист од Аргентина.

„Мислам дека тоа ќе има значително влијание врз црквата. Едноставно сме толку среќни што сме тука во ова време. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе се случи со црквата“, вели турист од Њујорк.

Се уште е нејасно за какви политики ќе се залага новиот папа – дали ќе се продолжи патот на претходниот папа, Франциск, или ќе се отвори ново поглавје?

Според познавачите, изборот на името Лав XIV може да биде сигнал дека сака да ја продолжи традицијата на претходните папи кои се занимавале со теолошки прашања и социјална правда.

„Познато е тоа дека тие ги бираат со тоа име тоа ја покажува политката на глобалното присуство на доткрината политиката во светот ќе се бори против глобалните конфликти и секуларизнот и ќе се об де да ја врати црквата ад ја врати во поголема доминација од времето на франциско. Тој се базираше на друг негов претходник за маргинализираните. Многу ва лав доаѓа од прв папа од САД а неговиот претходник лав 13 ги зближи односите на ватикан со сад  неговото име ќе ги продлабоиќи врските со САД“, вели аналитичарот Дејан Андоновиќ.

Лав XIV е роден како Роберт Превост во Чикаго, во 1955 година, и таму се приклучил на Августинскиот ред. Прво студирал математика и теологија во родниот град, а подоцна канонско право во Рим. Како свештеник, Превост бил испратен во Перу како мисионер и оттогаш течно зборува и шпански и италијански.

Меѓу најважните прашања со кои ќе се соочи се продолжување на борбата со сексуалната злоупотреба во црквата, унапредувањето на положбата на жените во католичката хиерархија, финансиската стабилизација на Светата столица, како и дефинирањето на односот на црквата со ЛГБТИ заедницата.