Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДС

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, во последното интервју зборуваше за лицемерието на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, во последното интервју зборуваше за лицемерието на СДСМ, за време на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, и истакна дека нивното присуство и гласање беше само проформа. Панова додаде дека за првпат во Македонија постои проактивност, транспарентност, и Влада која работи за добробитот на граѓаните.

Панова посочи дека неоправдана е поддршката на СДСМ за интерпелацијата од Левица, каде Левица уште првиот ден обвинуваа за селективност при истрагата, а потпретседателката на СДСМ веднаш потоа одржа прес-конференција. Таа додаде дека СДСМ и Левица воопшто не оставија простор на институциите иако ваква транспарентност до сега во Македонија не се случила, особено од страна на министер за внатрешни работи.

„Беше лицемерно тоа што од една страна седеше Оливер Спасовски, во првиот ред, како координатор на пратеничката група на СДСМ и гласаше за интерпелацијата на Панче Тошковски, а во исто време Панче Тошковски во врска со овој трагичен настан поднел пет кривични пријави од страна на МВР. Со сработени докази, сето тоа што бара самата процедура во МВР, додека во претходните трагедии кои што и се случија на Република Македонија, во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ, Оливер Спасовски не поднел ниту една“, истакна Панова.

Реклама

Панова објасни дека од страна на СДСМ, само тројца застанаа на собраниската говорница да зборуваат за интерпелацијата, што посочува дека нивното присуство и гласање беше само проформа.

„За првпат гледаме проактивност, за прв пат гледаме транспарентност за прв пат гледаме дека МВР не се крие, не сокрива докази, а имаме министер кој што не се крие апсолутно од ништо. Излегува секојдневно на прес конференции, дури и излезе ги повика родителите на жртвите кои што беa инсинуиранo повикани да пристигнат дента пред Собранието и тоа од страна на Левица“, заклучи Панова.