Реклама

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Македонија

Панел-дискусија: Унапредување на мултисекторскиот одговор за ставање крај на родово-базираното насилство, системот мора да премине од „евидентирам“ на „реагирам“

Искуства на жените жртви на семејно насилство се содржани во Извештајот насловен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искуства на жените жртви на семејно насилство се содржани во Извештајот насловен „Каква ти е среќата“, кој има за цел да го покаже патот на општество кон нула толеранција за семејно насилство. Извештајот е дел од презентирани клучните резултати на проектот „Заштита и превенција од родово-базирано насилство во Македонија” што се спроведуваше во периодот од 2021-2026 година од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) во соработка со бројни национални институции, со финансиска поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Стојанка Мирчева, професорка на Факултетот за безбедност посочи дека истражувачкиот извештај има симболичен наслов, којшто произлегува од наодите на истражувањето.

-Извештајот се вика „Каква ти е среќата“. Токму тоа е реалноста на многу жени во Македонија во барањето поддршка и заштита од професионалците во институциите – додаде Мирчева.

Реклама

Меѓу другото, таа им се заблагодари и на жените во државата што се согласиле да ги споделат искуствата во барањето заштита и поддршка од институциите.

– Овие искуства се претставени за да допрат до институциите, за да ја сменат реалноста на многу жени кои живеат со насилство и бараат заштита и поддршка токму од институциите да бидат заштитени. Институциите и системот што го градиме повеќе од дваесетина години, нема за цел, не завршува, не се исцрпува со тоа што ќе евидентира случај. Идејата е да имаме ефективна реакција, ефективно да реагираме на повредата, суштинската повреда на човековите права на жените кои живеат со насилство – нагласи Мирчева.

Токму заради тоа, истакна, извештајот автентично ги прикажува искуствата на жените кои живеат со насилство кога се обратиле до институциите за заштита и поддршка.

– Ефектот во најголем дел провејува низ овие искуства дека е рамнодушност на системот. Токму заради тоа, системот мора да премине од фаза на „евидентирам“ во фаза на „реагирам“, и тоа реагирам координирано, со меѓусебна координација – подвлече Мирчева.

Таа порача дека како општество, не смееме да дозволиме понатаму ниту едно насилство да остане минимизирано, да останат да се привилегираат насилниците, а жените коишто трпат насилство – да влегуваат подлабоко во проблеми и во барање излез во животот.

– Дали ќе ја научиме лекцијата како општество? Дали сериозно ќе почнеме да чекориме по патот на нула толеранција за семејно насилство? Нема сама си го барала, нема таква ти е среќата, нема сама го избрала – потенцираше Мирчева.

Таа подвлече дека значајно е и тоа како реагирала полицијата на некој случај.

– Кога ќе ги соочиме насилниците со реакцијата на државата и на општеството, ефикасна реакција… Не случајно имаме изобилство во дневниот билтен на МВР за секоја пријава за насилство врз жени, како реагирала полицијата. Многу силна алатка на превенција е дека насилникот се соочува со моќта на државата. Ја спротивставуваме моќта на државата и нетолеранцијата кон моќта што ја манифестира насилникот кон одредена жена – децидна беше Мирчева.

Даниел Фајлер, британскиот заменик-амбасадор истакна дека во изминатите пет години, Обединетото Кралство, преку Британската амбасада овде, тесно соработуваше со УНФПА за поддршка на земјава и нејзините институции во зајакнувањето на системите за превенција и одговор на родово-базираното насилство.

-Заеднички придонесовме за подобра координација меѓу институциите, зајакнување на професионалните практики и поголема одговорност, затоа што за вистинска и трајна промена не е доволна само законската рамка – рече тој.

Тој додаде дека ова партнерство никогаш не се однесувало само на спроведување активности.

– Се работеше на зајакнување на самиот систем, со цел поддршката за жртвите да биде координирана, ефикасна и одржлива. А, одговорноста за тоа, сега е на самите институции, кои треба да се погрижат сите придобивки и целокупната работа што ја постигнавме заедно, да продолжи да им користат на жените и девојчињата во оваа земја. Затоа, многу ми е драго што сум овде по толку долг период на работа. Голема заслуга има УНФПА, како и сите институции. Вие сте навистина извонредни. Честитки, но, вистинската работа почнува сега – нагласи Фајлер.

Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, вршителка на должноста шефица на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) во земјава, рече дека тука се да зборуваат за достигнувањата на оваа програма и заеднички да ги исцртаат следните чекори за унапредување на системот за заштитата и превенцијата од родово-базирано и семејно насилство, преку досегашните достигнувања на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија фаза 3“.

– Исклучително важен и комплексен проект што преку имплементација на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, ги доближува европските принципи, содржани во Истанбулската конвенција, до секој чинител. Денес, после пет години партнерство, стојам гордо, во името на Фондот за население на Обединетите Нации, заедно со нашите партнери да покажеме дел од колективниот прогрес направен досега. Работата не застанува тука, па затоа ќе се осврнеме и на следните чекори што ќе нѐ водат кон ставање крај на родово-базираното насилство – истакна Брајовиќ Григоријевиќ.

Таа рече дека сведоци сме и за појава на нови форми на родово-базирано насилство.

– Така, со развојот на технологијата се отвара простор, платформа за нов вид на насилство – технолошки овозможеното насилство, што станува сѐ поприсутно и особено ги засега младите. За родово-базираното насилство има нула толеранција. Секој од нас како поединец, дел од институција или заедница има улога во постигнувањето на оваа цел. За тоа требаат широки и цврсти партнерства. За тоа треба единство, координација и непоколеблива посветеност – додаде таа.

Брајовиќ Григоријевиќ рече дека насилството како феномен мора да се искорени, а додека го има, услугите треба да бидат скроени така што ниедна жртва нема да биде изоставена.

– Ставањето крај на родово-базираното насилство, е едно од трите глобални стратешки цели на УНФПА, и сакам да ве уверам дека УНФПА ќе продолжи силно да се залага и посветено да работи кон постигнување на родова еднаквост и живот без родово-базирано насилство. Денешната дискусија ќе ја рефлектира комплексноста на овој феномен, обемот и сериозноста на постигнатите резултати. Потребата за поддршка е голема и приоритетите се јасно исцртани во стратегијата на која заедно работевме. Фокусот треба да биде ставен на области што ќе имаат трансформативен карактер за да ставиме крај на родово-базираното насилство, преку зајакнување на институциите, граѓанските организации и унапредување на мултисекторскиот одговор. Ние сме решителни во оваа борба и повикуваме секој кој има улога – а има, да ни се приклучуваат во оваа заложба – порача Брајовиќ Григоријевиќ.

Светлана Цветковска, раководителка на Секторот за еднакви можности при Министерството за социјална политика, демографија и млади, рече дека справувањето со родово-базираното насилство врз жените и семејното насилство е еден од нивните највисоки приоритети.

– Сепак, мора да бидеме реални – брзи и едноставни решенија не постојат. Но, постои системски, истраен и одржлив пат – по кој цврсто чекориме. Насилството врз жените претставува најраспространето кршење на човековите права, што, премногу често, останува непријавено или премолчено зад затворените врати на домот. Наша заедничка обврска е континуирано да ја подигнуваме свеста за препознавање на сите облици на насилство и за навремено постапување со должно внимание. Тоа за нас значи, не само реакција и справување со акутното насилство – туку и долгорочно, системско решавање на секој индивидуален чин на насилство, поддршка на жртвата и санкција на сторителот – нагласи Цветковска.

Таа се осврна на тоа како во изминатиот период, во тесна соработка со нивните партнери, го менувале системот.

– Работиме на зајакнување на капацитетите на професионалците во центрите за социјална работа, полицијата, здравството и правосудството, за обезбедување координиран и мултидисциплинарен одговор – ростер на обучувачи и дисеминација на обуки – токму ова е човечкиот капитал кој понатаму ќе продолжи да работи во оваа облет. Работиме на проширување на мрежата на специјализирани услуги со цел достапност на услугите во сите региони и за сите жени. Паралелно со зајакнувањето на институциите, посебен акцент ставивме на Комуникациската стратегија за подигање на јавната свест. Преку таргетирани – информативни кампањи, активно работиме на разбивање на стереотипите, препознавање на, не толку видливите форми на насилство, како што се психолошкото, економското и сѐ поприсутното, дигитално односно онлајн-насилство, како и за охрабрување на жртвите и сведоците да не молчат. Преку овие кампањи, ги приближуваме информациите до граѓаните за достапните специјализираните услуги, за должното внимание и обврската на сите нас, да го пријавиме насилството. Ова не е само кампањско отворање на прашањето, ова е континуиран процес што ќе продолжи да трае – рече Цветковска.

Таа информираше дека во подготовка е нова стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство – 2027-2034 со акциски план преку широк,транспарентен и консултативен процес.

– Со оваа стратегија градиме долгорочна рамка за одржлив развој на системот, интегрирани политики, како и силен фокус на превенција, квалитетна заштита, како и поддршка за економско зајакнување, социјална заштита и успешна реинтеграција на жртвите – додаде таа.

За Министерството како и за Владата, нагласи таа, врвен приоритет останува обезбедувањето на брза, ефикасна и достапна заштита за жените – жртви на насилство и семејно насилство.

– Наша цел е да создадеме услови за нивна успешна реинтеграција, економско и социјално зајакнување, но и континуирано да вложуваме во превенцијата со долгорочна поддршка за жртвите- подвлече Цветковска.

Нермина Факовиќ, помошник – раководител на Сектор за примарна и превентивна здравствена заштита при Министерство за здравство, истакна дека ова е начинот на којшто треба да се третира еден ваков феномен: насилството врз жени, семејното насилство и родово базираното насилство. Само заедно, само со обучени, со сертифицирани обучувачи, само со мултисекторски тимови може да се пружи соодветен одговор на институциите и на сите останати и на невладините при креирање на одговор за семејно и родово базирано насилство – рече таа.

Според неа, овој проект овозможил вмрежување на институциите и подигнување на сознанијата со почетни и со специјализирани обуки, односно со понапредни обуки, каде што разговарале и за мултисекторско постапување. Ова не е феномен стриктно и ексклузивно само на еден сектор, не е јавно-здравствен проблем, туку е општествен, социолошки проблем и само е ова начинот како треба да одговориме како држава кон него – додаде таа.