Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Пандов: За еден осуденик државата плаќа над 10 илјади евра годишно

Еден затвореник ја чини државата над 10 илјади евра годишно, па пренатрупаноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден затвореник ја чини државата над 10 илјади евра годишно, па пренатрупаноста на затворите е проблем што мора итно да се реши, апелира директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

Според него има неколку начини да се растеретат затворите,  преку условен прекин на казната, електронски надзор и подобра ресоцијализација на затворениците затоа што над 60 проценти од нив, се повратници.

Во моментов се работи на заживување на пробациските алки, како и се организираат дискусии со судиите за досудување на поголем број на условни осуди.

Реклама

Во насока на растеретување на затворите се и условните осуди коишто според судијката Билјана Коцевска од Кривичниот суд во Скопје, во јавноста постои искривена слика. Таа вели дека доколку постои соодветен надзор има механизми како да се воспостави ред, доколку осудениците не го почитуваат законот.

Во моментов во затвор има 2400 луѓе, а уште толку чекаат да влезат внатре

Според најавите на директорот Пандов, се очекува метежот во затворите да се расчисти и со изградбата на новото притворско крило во Идризово за 400 луѓе.

Досега изградена е само првата фаза од затворот и тоа во време на минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а до 2023 година требало да биде завршена и втората фаза.

Пандов вели дека не е направено ништо по тоа прашање, а пари има. Информираше дека Македонија зела заем од ЕУ  уште во 2010 година, меѓутоа парите коишто се обезбедени  се под мораториум. Делегација на Комисијата за превенција и борба против тортура од ЕУ следната недела треба да направи контрола на македонските затвори. Пандов се надева дека средствата ќе бидат одмрзнати и ќе почне и втората фаза на изградба на најголемиот македонски затвор во Идризово.