Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

 Пандемијата експлодира – 7 починати и 89 новозаболени од Ковид 19

Експлозија на новозаболени и починати од Ковид 19 во изминатите 24 часа.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Експлозија на новозаболени и починати од Ковид 19 во изминатите 24 часа. Седум смртни случаи и дури осумдесет и девет заразени – ова е црната бројка која што денеска ја објавија здравствените власти. И денешните бројки го потврдуваат стравувањето, дека Скопје со 35 и Штип со 27 заразени стануваат нови потенцијални жаришта. Додека Куманово по неколку дена едноцифрени бројки на заразени денеска има 12 нови случаи. Во Тетово се регистрирани седум нови случаи, во Кочани има четворица, додека по еден регистрираа Прилеп, Гостивар, Струмица и Свети Николе.Од починатите, најмладата жртва имала 44, а најстарата 83 години. Алармантните бројки не ги загрижуваат здравствените власти, напротив, министерот Филипче повторно тврди дека епидемијата била под контрола.

“Точно се знаат контактите и кластерите на над 70 % од контактите на овие семејства и кластерите во Чаир, Гази Баба, Сарај и Студеничани. Се работи за асимптоматски случаи и епидемијата е под контрола. Добар дел од пациентите се со лесни симптоми и остануваат дома. Здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи, имаме и капацитети и кадар“” – вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче денеска немаше конкретен одговор на прашањето на Алфа за тоа – кој е планот за лоцирање на контактите со заразените,особено од кога се укина полицискиот час.

Реклама

Контактите се иднетификуваат врз основа на податоците врз анкетите. И тоа нема релација со ограничувањето на движење.Заради тоа што секој има обврска да даде вистински податоци, каде бил и со кого контактирал и колку интензивно и врз основа на тоа се оценува ризикот. “ – одговори Филипче.

Единственото што Филипче можеше да понуди за излез од ситуацијата со високите бројки е скринингот на сите контакти што ги даваат новодијагностицираните. Ризичен потег со оглед на тоа што не секогаш – заразените се подготвени да дадат целосни одговори.

 

Ања Василева