Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Памер: Македонија ја има најдобрата реформска агенда во Западен Балкан и најдобро ја спроведува

Македонија ја испорачува најдобрата реформска агенда во Западен Балкан, оценува австрискиот амбасадор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ја испорачува најдобрата реформска агенда во Западен Балкан, оценува австрискиот амбасадор Мартин Памер. Според него граѓаните треба да бидат оптимисти, бидејќи Владата посветено работела на евроинтеграциите. Од конференцијата на Академијата за европска интеграција именувана „Патот на Макеодонија до ЕУ: Предизвици и можности“ Памер кажа дека  Македонија веќе оди кон Унијата, трае скриниг процесот, следно е одржувањето на втората меѓувладина конференција, со што би започнал преговарачкиот процес.  Очекува уставните измени да се спроведат во услови на добра волја.

-Македонија беше првата држава од Западен Балкан што ја испорача реформската агенда за планот за раст на Западен Балкан и тоа всушност беше најдобриот план. Тој е сеопфатен добро развиен, што ниту една земја во регионот досега не успеа да дојде до тоа, изјави Памер.

Македонската Влада е подготвена да го вложи целокупниот човечки и институцинален потенцијал за да стане дел од европското семејство, но дека веќе сме изморени од ветувања и условувања преку кои не се поминува, порача заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков. Вели и дека активно се работи на спроведување на реформската агенда, а тоа го покажуваат и финансиските средства кои ги добиваме од Европската Унија за спроведените реформи.

Реклама

-Ние посветено работиме на европската агенда, односно Европската унија е единствениот стратешки пат кои што ние треба да го изодиме, затоа сме доста посветени не само како Министерство за европски прашања, туку и останатие институции, за да ја реализираме реформската агенда. Она што е многу важно е дека досега добро напредуваме, тоа ги покажа и оние транши кои ги добивме по реализацијата на одредени реформи, изјави Трајков.

Внатрешните реформи пред се во владеењето на правото се меѓу најважните за еворпскиот напредок, порача основачот и претседате на Меѓународниот одбор на Академијата за европска интеграција, Габриел Лански

-Треба да се фокусираме на можностите и треба да се обидеме тешката работа да ја направиме возможна, дека вашето место е во Европа, во Европската Унија и дека тоа нема да е бенефит само за вашата земја, туку бенефит и за Европската Унија да ве има во клубот, изјави Лански.  

Пречка на патот на Македонија кон ЕУ во мометнов се Бугарските условувања. Ставот на македонската Влада во однос на овој спор е јасен, уставни измени се прифатливи со одложено дејство, односно при ратификацијата на членството во ЕУ, со цел да се спречат можни уцени од Софија низ преговарачкиот процес.

Матеја Петровски