Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Палевски тврдел дека на денот на грабнувањето на Вања бил во банка и имал докази за тоа

Љупчо Палевски Палчо се правдал пред обвинителите  дека е невин и тврдел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Палевски Палчо се правдал пред обвинителите  дека е невин и тврдел дека на денот на грабнувањето на малата Вања бил во банка, дознава неофицилно Алфа. За време на десет часовниот распит во Обвинителството тој уверувал дека за тоа ќе достави и писмен доказ.

Го слушав зборуваше со голема самодоверба. Вели:  „Имам писмени докази за моето движење на денот на убиството. Бeв во банка и ќе го докажам тоа. Тоа што го зборуваат другите не е точно. Не сум поврзан со нив, ниту сум дел од грабнувањето, ниту имам врска со убиството.

Плевски нема повеќе да се појави на распит освен ако обвинител не процени дека ќе треба да се изјасни во однос на нови докази кои може да се појават за време на истрагата.

Реклама

Адвокатот на Палевски Марјан Витановски денеска ќе поднесе барање за увид во доказите. Тој вели дека откако ќе види со какви докази располага обвинителство ќе може да се подготвува за одбрана во кривичната постапка против Палчо.

Имено, обвинтелството веќе има обвинение за останатите четворица кои се товарат дека помагале во киднапирањето и убиството на Ѓорчевска и Жежовски, па откако ќе заврши истрагата за Палевски, се очекува тој да се приклучи кон судењето.

Палевски Палчо беше екстрадиран на 15 мај од Турција каде при крајот на ланската година беше фатен во бегство. На Палевски 20 дена му ги вештачеа електронските уреди што се затекнати кај него во турскиот град Баликесир.

Обвинителство го сомничи дека тој е организаторот и извршителот на свирепото двојно убиство што ја потресе не само македонската јавност туку и регионот.

Според обвинението, Вања Ѓорчевска е грабната на 27 ноември од пред влезот на нејзината зграда во Дебар Маало со цитроенот на Панче Жежовски од Велес кој е убен на 22 ноември. Обвинителството тврди дека мотивот за убиствата е откуп иако според доказите Ѓорчевска е ликвидирана само неколку часа по нејзиното грабнување.

Државниот обвинител уверува дека обвинението нема дупка туку дека мотивот   е јасен само не се споделуваат детали за јавноста да не се вознемируцва.

Со оглед на текот на истрагата, Палевски заедно со останатите најверојатно летово ќе седнат на обвинителна клупа во судница.