Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Палевски резервирал карта за Минск, барал да го земат од аеродромот во Москва – Обвинителството изведуваше нови докази

Од Турција преку Минск до Москва – ваква рута планирал Љупчо Палевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Турција преку Минск до Москва – ваква рута планирал Љупчо Палевски – Палчо првообвинетиот за убиствата на Вања и Палчо. Во времето кога Вања била киднапирана и убиена остварил повик кој траел 9 секунди со турски број кој му припаѓал на Хусеин – пријателот кој му помага во Турција. Пред да стигне, на први декември, кога Палевски со автомобилот на Стефан Димковски патува кон Турција преку Бугарија, на „вибер“ комуницира со извесен Драган од Москва од кој бара на петти декември 2023 година да го земе од тамошниот аеродром, а следниот ден на втори декември, на турски број пишува порака дека букирал карта до Минск, Белорусија. Ова произлезе од презентација на доказите на Обвинителството односно вештачењето на телефонот на Палевски. Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска тврди дека Палчо на 22.11.2023 година кога бил убиен Жежовски пропуштил 7 повици, а на 27.11.2023 кога беше киднапирана и убиена Вања, пропуштил 2 повика, а прв пат разговорал во 10 часот и 44 минути кога одбил да оди на кафе бидејќи цела ноќ не спиел и бил уморен.

  • „На Вибер имал комуникација со извесен Драган, кој се наоѓал во Москва, кому Палевски на 01.12.2023 година му напишал дека на 05.12.2023 година треба да стигне во Москва и побарал од него помош да го земе од аеродром. На Ватсап битна е комуникацијата на 27.11.2023 во 10 часот и 44 минути едно лице кое го прашува Палевски дали може да помине со извесен Ферад на кафе, на што Палевски му вели дека е уморен, цела ноќ неспиен“ – изнесе обвинителката.

Обвинителството освен вештачењето на телефонот на Палевски, ги презентираше доказите кои биле пронајдени на самото место каде што ги убиле Вања и Панче. Обвинителките доставија и побараа дополнување на листата на докази, со 6 ЦД – снимки од Велес, на што одбраната бурно реагираше и не сакаше да бидат прифатени од судот.  

  • Зошто доколку ги имало Обвинителството доказите уште во предистражната постапка не ги навело бројчињата, вака остава простор, тие во недоглед да доставуваат нешто одпосле. Еден доказ што сега ни доставија велат дека е обезбеден во истрагата, обвининието го доставија во осми месец, а доказот е обезбеден во 11 месец. Факт е дека ЈО отпосле се труди да достави некој доказ што веројатно и воошто не им одат во корист – рече адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски.

Судот ја одложи главната расправа за 7 дена кога ќе се произнесе дали ќе ги прифати новите доказите на обвинителството или пак не. На самиот почеток на рочиштето, Палевски повторно побара изземање на тројца обвинители Жаклина Кстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска и шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, поради како што рече пристрасност и злоупотреба на јавнообвинителската служба. Тврди дека биле избрашани податоците од табелата каде се наоѓа неговиот телефон според базните станица во критичното време – киднапирањето и убиствата на Вања и Панче. 

Реклама