Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Пак доцни плата во ЈСП, вработените предупредуваат: Иако град Скопје и ЈСП ни се закануваат, ќе блокираме раскрсници

Градоначалничката Арсовска никако да ги реши проблемите во ЈСП кои се таложат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката Арсовска никако да ги реши проблемите во ЈСП кои се таложат со месеци. Последниот е ненавремената исплата на платите на вработените која законски треба да биде на секој 15-ти во месецот. Дел од вработените во ЈСП денес излегоа и побараа одговор од Aрсовска и директорот на ЈСП, зошто повторно се доцни со исплата на нивните плати.

Велат дека немаат со што да си ги платат сметките и ратите за кредити, а со секое доцнење им расте камата. За оние кои што се на договор на дело и преку агенции, состојбата е уште полоша.

Велат дека иако добиваат и закани и притисоци од раководството во ЈСП и градот Скопје, нема да прстанат да молчат и ќе продолжат да си ги бараат правата, а ако се продолжи со доцнењето на платите ќе превземат порадикални чекори и блокада на раскрсници.

Реклама

Во март советниците во град скопје изгласаа префрлање на пари за плати за вработените во ЈСП па оттука велат дека е нејасно зошто се доцни со исплатата на нивните плати и дека најверојатно парите биле потрошени за други намени.