Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Падна последната клапа на „Аналогни души“ – студентски филм поддржан од Алфа ТВ

Падна последната клапа на „Аналогни души“, краткометражен студентски дипломски филм потпомогнат од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна последната клапа на „Аналогни души“, краткометражен студентски дипломски филм потпомогнат од фестивалот „Преку езерото“, ТВ Алфа, Синемон Медиа Фактори , Револушн и Факултетот за Драмски уметности.

Режисерката Марија Грчева задоволна од сработеното, но и од поддршката, без која вели, филмот немало да изгледа вака.

„Нашите филмови бараат помодерни решенија, помодерни теми обработуваат што не може да се снимаат без никаков буџет. оваа поддршка значеше дека филмот воопшто ќе се сними“, вели режисерката марија Грчева.

Реклама

„Аналогни души“ ја разработува вештачката интелегенција и нејзиното влијание врз животот на луѓето.

Продуцент е Тадеа Павловска, а директор на фотографија е Стефан Ѓорѓиевски.

„Најголема поддршка ние беа Алфа ТВ во оваа ситуација поради тоа што немаше да можеме да оствариме краткометражен студентски филм“, вели продуцентаката Тадеа Павловска.

„ Поддршката претставува една голема можност за нас младите автори да работиме краток филм во професионални услови со професионлан техника, до која е тешко да се дојде за нас како млади автори“, смета директорот на фотографија Стефан Ѓорѓиевски.

Поддршката за студентите и нивните креации е поради тоа што Агенцијата за филм целосно ги игнорира, вели режисерот и директор на ТВ Алфа, Јани Бојаџи.

„Агенцијата за филм минатата година доделила шоканти 300 евра вкупно во Македонија за снимање  на дипломски студентски филмови и тоа ме загрижи исклучително и како режисер, директор на национална Тв, но и како наставник дека работите со Агенцијата за филм се отидени по ѓаволите. Одговорните во Агенцијата за Филм не само што ја потрошиле сопствена иднина тие тргнале да црпат и од иднината на најмладите“, објаснува режисерот и директор на ТВ Алфа Јани Бојаџи.

„Нашата идеја, идејата на ТВ Алфа е да овозможи простор младите штотуку дипломирани режисери, кинематоргафери, тон- инжињери другите придружни дејности на филмот да дојдат во телевизија, да видат што е  да ја почуствуваат и сите да се најдат во еден од секторите“.

Поддршка ќе добијат уште три студентски дипломски филмови, кои ќе бидат промовирани на четвртото издание на Фествалот „ Преку Езерото“, во Дојран, во Август следната година.