Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Економија

Падна цената на дизелот и бензинот – Македонија останува една од ретките земји каде горивото поефтинува

Поевтин дизел, пониска цена и за бензините. Продолжува трендот на намалување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поевтин дизел, пониска цена и за бензините. Продолжува трендот на намалување на цената на горивата. Од полноќ, дизелот се намалува за 2,5 денари по литар, додека пак бензините поефтинуваат за денар и половина за литар. Па така, според последните пресметки од регулаторната комисија за енергетика, дизелот ќе се продава за 95,5 денари за литар, еуросуперот за 84, односно 82 денари за литар. Поевтина цена имаат и мазутот и екстра лесното масло за домаќинство   

ЦЕНИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ 15.04.2026

ЕУРОСУПЕР  95               82 (денари/литар)

Реклама

ЕУРОСУПЕР  98               84 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ                     95,50 (денари/литар)

Екстра лесно масло         96,50 (денари/литар)

Мазут                         49.277 (денари/килограм)

Дополнително, на овие цени се очекува и попустот кој ОКТА го дава на своите коминенти од 3 денари за дизелот, односно два денара за бензините. Со овој попуст цените кои ги утврди Регулаторна би требало да бидат уште пониски.

Со ова, Македонија останува меѓу ретките во поширокиот регион каде цените не само што не растат, туку веќе извесен период имаат тренд на намалување.

За споредба, цените кај нас се пониски од регионалните помеѓу 8 и 20 денари по литар. Најефтин безнин, после македонските граѓани точат босанците, додека најскап има во Словенија и Хрватска. Во Србија пак каде има и забрана за извоз, дизелот се продацва дури за 6 денари поскапо од кај нас.

За разлика од регионот, македонските граѓани не се соочуваат со ценовен шок пред се поради потегот на Владата во делот со намалената акциза и данок на додадена вредност. Дополнително и со договорот со Окта. Од Владата велат дека состојбата со горивата е стабилна и има доволно резерви за да се реагира доколку за тоа би имало потреба.