Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Означен стартот на 39-тиот Охридски пливачки маратон

 Сите 16 пријавени пливачи точно во 11 часот влегоа во водите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Сите 16 пријавени пливачи точно во 11 часот влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 39-тиот меѓународен Охридски пливачки маратон.

Единаесетте пливачи и петте пливачки ќе треба да ги испливаат 25-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум низ девет контролни точки до целта кај Градското пристаниште во Охрид.

Моменталните временските услови засега идеални за добра трка, водата на езерото е мирна со температура од 25 степени Целзиусови. Во такви услови на пливачите за да стигнат до целта ќе им бидат потребни околу  пет часа.

Реклама

Боите на Македонија оваа година ги  бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.

Во машка конкуренција упте пливаат Матеа Видовиќ од Србија, Умит Кемал Џенгиз од Турција, Филип Лакас од Канада, Алесио Окипинти и Николо Ричарди од Италија, Енеко Саезмиера и Даниел Понсе Хименез од Шпанија, како и Кристијано Карамело Сантос од Португалија.

Во женска конкуренција, покрај Гошева, во водата се уште и Елена Лионело од Италија, Милица Љубисављевиќ од Србија и Аргентинките Рита Ванеса Гарсија и Мајте Ајлен Пука.

Рекордот на маратонот го држи Италијанецот Алесио Окипинти, кој на 36-то издание во 2023 година 25-километарската патека ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди.

Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.

Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателот на Република Македонија, додека технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид.

Охридскиот пливачки маратон има традиција што датира од 1950-тите, а низ годините прерасна во една од најпрепознатливите спортски манифестации во Охрид и Македонија. Првиот маратон на релацијата Горица – Охрид бил одржан во 1954 година, додека во 1962 година за првпат била испливана подолгата патека Пештани – Струга – Охрид, долга 36 километри, што се смета за почеток на големиот Охридски пливачки маратон.

Од обновувањето на маратонот во 1992 година трката се одржува на патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до Охрид, која во почетокот беше долга 30 километри. Низ историјата на маратонот настапувале бројни познати имиња од светското маратонско пливање, а рекордер по бројот на победи е Бугаринот Петар Стојчев со 11 триумфи.