Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Економија

ОУ „Крум Тошев“ во Трубарево ќе добие нови училници, санитарен јазол, просторија за технички персонал, проширена кујна, наставнички кабинет и библиотека

Доградба на три нови училници во Основното училиште „Крум Тошев“ во село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доградба на три нови училници во Основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево, санитарен јазол, просторија за технички персонал, како и проширување на кујната, наставничкиот кабинет, библиотеката и други придружни простории е предвидено со проектот што се реализира со поддршка на вториот јавен повик на Владата за финансирање инфраструктурни проекти и ова е уште еден пример како со партнерство меѓу локалната и централната власт се реализираат конкретни проекти. 

Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска изврши увид во градежните активностите.

– Вршиме увид во доградбата на ОУ „Крум Тошев“, проект што силно ја отсликува нашата заложба образованието да биде темел на развојот на општината, но и на државата. Вкупната инвестиција на овој проект е 22 милиони и 850 илјади денари и се надевам дека ова е уште еден доказ дека силно инвестираме во образованието. Освен овој проект, на територијата на општина Гази Баба се реализираат и други проекти за развој на образовната инфраструктура. Интензивно се работи на доизградбата на новата училишна зграда на ОУ „Крсте Мисирков“ во Ченто и дополнително се градат две нови спортски сали во ОУ „Глигор Прличев“ во Железара и во ОУ „Наум Охридски“ во Црешево. Со јасен план и визија продолжуваме да ја развиваме нашата Гази Баба – рече Стефковски. 

Реклама

Министерката Јаневска рече дека во изминатиот период посетила повеќе општини за да направи увид во градежните работи за подобрување на инфраструктурата на образованието во земјата. Посочи дека градежните работи во ОУ „Крум Тошев“ во село Трубарево одлично напредуваат и се убедени дека на 1 септември учениците ќе почнат да учат во новите простории, што е погодно за нив и за наставниците и родителите.

– Ова е еден од 80-ина инструктурни објекти, 50-ина од вториот повик на Владата и 30-ина на МОН, што значи интензивно ја подобруваме инфраструктурата насекаде во целата држава. Во мај почнуваат уписите на првачињата, па да ги потсетиме родителите дека за тоа е неопходно да се обезбедат офталмолошки и стоматолошки прегледи и вакцинален картон и заедно со тие документи да пристапат кон упис на учениците и уште еден повик до родителите и до градоначалниците и училиштата да се држат до реонизацијата за да не добиеме училишта што ќе бидат пренатрупани со ученици и некои што ќе бидат полупразни. Тоа е во корист првенствено на децата, кои се нашата основна грижа и приоритет – рече Јаневска.

Додаде дека годинава се очекува да се запишат приближно 18.000 првачиња.

Директорката на ОУ „Крум Тошев“ во село Трубарево, Александра Димитриевска, рече дека училиштето во моментот има 300 ученици, а со доградбата ќе се овозможат услови за сите ученици. Посочи дека секоја година имаат и зголемување на бројот на ученици со зголемен број доселени луѓе со новите домови што се градат во ова населено место..

Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалникот Стефковски рече дека проектот се реализира со вториот повик на Владата со средства од унгарскиот кредит.

– Како локална самоуправа, во двата повика имаме добиено речиси 12 милиони евра. Динамиката на исплата е во согласност со реализацијата во привремена ситуација. Како што изведувачите реализираат одредена фаза, така се врши исплата преку надлежното Министерство, а потоа и преку Општината на наменски сметки – додаде Стефковски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: