Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Отворено студио на „Арт Поинт – Гумно“: Изложба на фотографии и проекција на „Крајолици на човештината“

Меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“ денеска во селото Слоештица организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“ денеска во селото Слоештица организира Отворено студио во чии рамки ќе биде поставена изложбата на селектирани фотографии од селата во горно-демирхисарскиот регион, што ги направија претставници на реномираната Либеречка школа за фотографија од Чешка.

Посетителите воедно ќе имаат ексклузивна можност да го погледнат и документарниот филм „Крајолици на човештината“, во режија на Јана Хунтрова, што неодамна ја доби наградата Златна потковица на филмскиот фестивал Астерфест во Струмица. 

-Седум претставници на реномираната Либеречка школа за фотографија од Чешка, годинава продолжија со извонредната уметничка фото-документација низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува. Нивните фотографии традиционално ќе бидат изложени пред јавноста во рамки на овој посебен настан, насловен Отворено студио, велат од  „Арт Поинт – Гумно“.

Реклама

Настанот ќе се одржува од 17 до 20 часот.

Гостите од Либеречката школа си заминуваат в понеделник, а деновиве, додека престојуваа во Слоештица, имаа можност да ѕирнат во архивата на дигитализираните фотографии и во дел од опремата на браќата Јанаки и Милтон Манаки, како и да слушнат ексклузивни детали од нивните балкански и прекуморски патешествија, благодарение на Државниот архив – Одделение Битола и неговите претставници, директорот Гоце Стојановски и Марија Дурлова, двајцата историчари-архивисти. 

Тие трет пат учествуваат на „Арт Поинт – Гумно“ и освен што фотографираа, дискутираа и со свои колеги, особено млади фотографи, пред сѐ од пелагонискиот регион, како и со релевантни претставници од областа на културната едукација, за долгорочна соработка со размена на студенти, искуства, знаења, заеднички проекти,.