Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Отворени апликациите за Brand Export Competition – македонски бренд ќе добие можност за пласман на шведскиот пазар

Отворени се апликациите за Brand Export Competition, преку кој македонските брендови со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворени се апликациите за Brand Export Competition, преку кој македонските брендови со амбиција за интернационален раст ќе имаат можност да го претстават својот потенцијал пред шведски експерти, а победникот ќе добие поддршка за пласман на својот производ или услуга на шведскиот пазар.

Натпреварот е дел од Бизнис Арена 2026, која ќе се одржи на 14 октомври во Скопје, а пријавувањето е отворено до 30 септември.

Под мотото „Дали вашиот бренд е подготвен за Шведска?“, Brand Export Competition е наменет за домашни компании кои имаат потенцијал и амбиција да го прошират своето присуство надвор од македонскиот пазар. Идејата е на компаниите да им се отвори простор не само да го претстават својот бренд, туку и да го стават неговиот потенцијал во меѓународен контекст и да направат конкретен чекор кон нов пазар.

Реклама

Од пристигнатите апликации, стручно жири составено од тројца шведски експерти ќе избере тројца финалисти, кои ќе добијат место на главната сцена на Бизнис Арена. Секој од нив ќе има само 60 секунди да ја претстави суштината на својот бренд, неговата вредност и потенцијалот за меѓународен раст.

За победникот, сепак, нема да одлучува жирито. На денот на конференцијата, публиката ќе гласа во живо за еден од трите финалисти, а брендот со најмногу гласови ќе го добие Go-to-Sweden Acceleration Package, пакет за поддршка при поставување на неговиот производ или услуга на шведскиот пазар.

Brand Export Competition е дел од поширокиот концепт на годинашната Бизнис Арена, насочен кон посилно поврзување на македонските компании со меѓународни пазари, знаење и деловни контакти. Покрај разговорите за градење силни брендови, конкурентност и интернационализација, натпреварот внесува и практична компонента, можност домашен бренд да го провери својот потенцијал пред меѓународни експерти и да добие конкретна поддршка за понатамошен развој.

Апликациите за Brand Export Competition се отворени до 30 септември годинава, а заинтересираните компании можат да го пријават својот бренд преку официјалната страница на натпреварот.