Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Откупот на тутунот се одвива без проблеми – рекордна цена од 420 денари плус 100 денари субвенција за секој килограм

Со законскиот рок, 15 декември за официјалрен старт на откупот на тутунот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со законскиот рок, 15 декември за официјалрен старт на откупот на тутунот, процесот се динамизира. Десетте лиценцирани откупувачи ги отворија сите откупни пунктови со 337 ваги и според првичните проценки досега се откупени над 11 милиони килограми што значи дека до Нова година се очекува да биде откупен целиот квалитетен, односно сув тутун.

   „Динамиката е зголемена заради тоа што тутунопртоизводителите се задоволни од самиот начин на купување тутун, се купува сето на прва класа, во моментов не се одбива кало, просечната цена е негде 420 денари, односно на вкупната сума на сите количини што се откупени е 419,86 ден. просечна цена. Од оваа цена се задоволни и тутунопроизводителите и тутунот сакаат да си го предадат што посокоро и да дојдат до заработените пари“, – вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

  И не само тутунарите, туку и откупувачите брзаат да откупат што повеќе тутун, бидејќи годинава родот е со висок квалитете, но количински е помалку од она што го очекуваа откупувачите. А истовремено и испалата се врши без застој, односно за 3-5 работни дена од предавањето на родот.

Реклама

  „Досега имам донесено околу 1.600 кила, а имам уште. Генерално, сум задоволен, макар што на почетокот имаше нешто „повлечи-потегни“, но сетоа тоа се нормализира. Е сега, морам да кажам, тутунарите се надеваа на некои 20-30 денари плус, во тоа не се успеа од икс причини, ама генерално сме задоволни и од откупувачите“, – кажа Ристо Џамбазов, тутунопроизводител.

 „Договори склучуваме бидејќи не смееме да садиме тутун без склучен договор. Затоа сме принудени напролет да склучиме договори без разлика дали има или нема цена. Тоа треба да се земе во предвид, оти не е слободен тутунот, тутунот е под заштита на државата“, – рече Аце Наумоски, тутунопроизводител.

  Годинава, според Сојузот се очекуваат да бидат откупени вкупно околу 22 милиони килограми квалитетен тутун. Оттаму уверуваат дека нема да остане ниту едно кило неоткупен род, со тоа што сега влажниот тутун ќе се откупува подоцна, односно после Нова година, па се до крајот на откупната кампања заклучно со 28 февруари.