Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Прилози

Откупните цени на тутунот беа зголемени благодарение на тивкиот бојкот на откупот, а никако на грижата од власта, реагираат тутунарите 

Последното постигнато зголемување на откупните цени за ланскиот тутун, иако минимално, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последното постигнато зголемување на откупните цени за ланскиот тутун, иако минимално, во никој случај не е резултат на грижата на власта за оваа земјоделска гранка, како што се фали министерот Николовски. Напротив, тоа е резултат исклучиво на тивкиот бојкот на откупот и солидаризираноста на тутунопроизводителите, реагираат македонските тутунари по фалбите на ресорниот министер дека оваа Влада правела се’ за да имаме развојно и одржливо производство на тутун и дека тутунарите паметеле и знаеле кој ја цени и вреднува нивната мака.  

Значи, целата заслуга за покачувањето на цената е благодарение на тутунопроизводителите со нивниот тивок бојкот, на никого друг. Сега ќе направам само една разлика. Годинава имавме најниско производство на грозје со само 7%, а лозарите добија иста цена од 14-16 денари, без никакво зголемување. Арно ама, тутунопроизводителите се за едно големо „браво“ и само тие успеаа да дојдат до ова поголемо покачување“, – вели Диме Димитријески, претседател на УО на Националната земјоделска мрежа.

   За тутунарите, невиден срамен апсурд се и споредбите кои министерот ги правел со откупните цени од 2016 година, бидејќи, како што велат, тогаш килограм сирење било 200 денари, а сега е 500 денари. „Во 2016-та – килограм тутун беа 10 леба; во 2024 – кг тутун, се 9 леба“, тогаш литар млеко беше 40 денари, а денес е 80“, реагираат тутунарите и револтирано прашуваат зошто не се прави иста ваква споредба и со платите на функциинерите.

Реклама

За социјалната кошница не сакам ни да зборувам, таа е стигната до 60.000-70.000 денари. Ако може социјална кошница да важи за сите вработени во Македонија, па зошто не би важела и за самите земојделци?!“, – констатира Димитријески.

   За крајот од неделава, од Националната земјоделска мрежа најавуваат нов состанок во Радовиш. Тема на состанокот ќе бидат барањата кои ги имаат и за кои очекуваат дека ќе им бидат реализирани од новата власт. „Доколку сакаме да имаме развојно земјоделство и Македонија да биде што помалку увозно зависна за храна, тогаш новата Влада мора сериозно да се посвети на реализацијата на барањата на македонските земјоделци“, – дециден е Димитријески.

Каролина Дурло