Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Отказ за 15 високи службеници во МВР кои издавале дозволи за оружје противзаконски

Паднаа 15 високи службеници од министерството за внатрешни работи. Незаконски издавале дозволи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паднаа 15 високи службеници од министерството за внатрешни работи. Незаконски издавале дозволи за поседување на оружје. Отпуштени се од работа, информираше министерот за внатрешни работи. Панче Тошковски порачува оти ова е доказ дека недопирливи нема, и секој кој го прекршил законот ќе одговара.  

“Министерството за внатрешни работи, одделот за дисциплински постапки, спроведе дисциплинска постапка по предлог на одделот за внатрешна контрола, за поголем број на лица, и за оние кадешто се констатираа незаконитости, а притоа истите не беа застарени како предмети. Донесена е колку што сум запознаен одлука за 15 откази на восоки полициски функционери кои издавале дозволи и работеле спротивно на законот”, изјави Тошковски

За да не се случуваат коруптивни дела МВР ја промовираше новата дигитална алатка преку која граѓаните ќе можат да поднесуват барања за добивање дозвола за поседување на оружје. За министерот Тошковски ова е значаен чекор со кој ќе се намалат и редиците пред шалтерите.

Реклама

“Селективно во минатото се постапувало исклучиво само за предмети кадешто надвор од закон интерес имал конкретен полициски функционер, да даде наредба, или, да не даде наредба, да се постапи или не се постапи, селективно, а не хронолошки како што требало да постапуваат”, изјави Тошковски.

Дигитализацијата е високо на реформската агенда на владата, алатката која ја воведе министерството за внатрешни работи е само една од многуте новини кои ќе бидат спроведени во оваа насока, а ќе бидат поддржани од министерството за дигитална транформација. За министерот Стефан Андоновски ова е значаен чекор што не приближува до европските стандарди.

“Министерството за внатрешни работи ги изработи внатрешниот процес, додека министерството за дигитална трансформација ја изработи апликацијата преку која граѓаните ќе аплицираат. Ги повикувам граѓаните да ја користат оваа услуга, но и сите други кои се достапни на порталот” изјави Стефан Андоновски.

Инаку, од МВР потврдија дека постапката за добивање на дозволи ќе се спроведува преку електронскиот систем услуги.гов.мк каде веќе е поставена посебна опција на која граѓаните ќе може да поднесуваат делосни документации. Доколку поднесителот на барање биде одбиен, од МВР апелираат да се обрати до подрачните служби кои работат на оваа проблематика.

Даниел Ѓорѓевски,