Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Отчет на јавниот обвинител Коцевски пред пратениците

Државниот обвинител се жали на недостаток на кадар и финансиска независност, пратениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот обвинител се жали на недостаток на кадар и финансиска независност, пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ му порачаа да се фатат со работа и криминалците од предходното владејачко раководство да ги вратат украдените пари на народот. Љупчо Коцевски пред народните избраници презентираше што сработел неговиот претходник Љубомир Јовески кој според пратениците работел по нарачки на претходнота власт.

Според Коцевски до крајот на годината, Обвинителството ќе биде во кусок од 100 обвинители, од предвидени 261 на ниво на цела држава.

  • „Нема криење предмети во фиока, постојат објективни причини за одолеговлекувањето на постапките. Тоа се мал број на обвинители, недоаѓање на странки, достава. Објективните околности се најголем проблем во однос на ефикасноста на ЈО“, рече обвинителот.

Време е да се фатите за работа и сите кои ја крадеа државата да завршат зад решетки и парите да ги вратат на народот, му кажаа на Коцевски пратениците од владајчката ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама
  • „Државата нема авторитет, никој не ѝ се плаши на државата, односно институциите. Со непреземањето на мерки на ЈО може да се зголеми криминалитетот, расте недовербата во правосудството и во системот. Има кривични пријави што се чуваат во фиока. Со непреземање на мерки може да се доведеме до ситуација лице кое е криминализирано да се кандидтира за заменик генерал на НАТО“, рече Ковачки – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
  • „Пасоши на белосветски криминалци, Онкологија и сами ја споменавте, не можам да сфатам како тоа се случувало, тоа не може да го сфати нормален човек.. “Благица Ласовска – пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

На претходните две седници Комисијата за политички систем не ги изгласа извештаите на Судскиот и Советот на јавните обвинители бидејќи како што кажаа пратениците ваквиот состав не може да ја враќа довербата од 2 проценти и да им испорача правда на македонските граѓани.