Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Осветена црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

Ѕвонење на камбани, духовност, молитва и радост – осветувањето на црквата Св.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ѕвонење на камбани, духовност, молитва и радост – осветувањето на црквата Св. Констатин и Елена во срцето на Скопје одбележан како историски момент за градот. Импресивни фрески, импозантен иконостас, светол мермерен под и огромен кристален лустер, сето тоа со дополнето со златни детали.

Со изградбата на овој храм се надминавме себеси и навистина ова ново светилиште, нов скопски, семакедонски и сепрасловен храм убавец е радост за сетила и со него еве добиваме уште едно место во кое каде земјата се среќава со небото и во кое временото постанува вечност, порачаархиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, кој го го изврши осветувањето во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА.

  • „Молитвените домови не се прават за да ја покажуваме нашата слава, туку за да бидеме близу до Бога, врвејќи го патот на прочистувањето на срцето и просветлувањето на умот. Затоа, не е доволно да ги осветуваме само храмовите, туку треба и ние себе си да се осветуваме во нив, не е доволно да се воодушевуваме на нивната убавина, туку треба и ние да ги разубавуваме нашите души во нив,“ потенцира г.г. Стефан.

Архиепископот охридски и македонски им порача на верниците да биде луѓе во кои верата никогаш нема да згасне.

Реклама
  • „Ова здание ќе биде нем сведок ако не се исполнува со живи души. Изградивме храм со неверојатна убавина, но она што е најубаво во него е тоа што денес е исполнет со народ. Ќе повторам и сега, најубав храм е оној што е исполнет со верен народ, а денес, верувам, нема поубав храм од овој нашиов, па нека биде постојано така, да доаѓаме во храмот на секоја литургија и во секоја прилика за во осама да му се помалиме и да му заблагодариме на Бог, да го наоѓаме мирот и спокојот кој доаѓа одозгора. Да бидеме храмови што не можат да се урнат, храмови на вечниот живот,“ рече архиепископот.

Голем број граѓани присуствуваа на свечениот чин. Не ја криеја радоста што по повеќе од една деценија црквата ги отвара вратите за христијанските верници.

На осветувањето присутни беа премиерот и владини претставници, како и од опозицијата.

Инвеститори на црквата се МПЦ-ОА и Фондацијата „Св. Цар Константин“. Фамилијата Костовски со чија помош се догради храмот добија орден „Свети Климент Охридски“ од прв ред.   

Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012, а во 2013-та година тогашниот градоначалник во општина Центар, Андреј Жерновски ја стопираше изградбата на храмот што беше проследено и со протести. Завршувањето на црквата беше интензивирано лани и по една година храмот го доби конечниот изглед и е втора по големина црква во Скопје, единствено зад Соборниот храм. Во неа ќе може да се извршуваат и венчавки и крштевки, како и сите останати верски обреди.