Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Оставката како морален чин е само мислена именка во македонскиот правосуден систем

Тие што ги избраа им изгласаа недоверба на членовите на Судски совет,…

Сподели:

Тие што ги избраа им изгласаа недоверба на членовите на Судски совет, на државниот обвинител му виси на глава постапка за разрешување, таа што требаше да се бори против корупцијата и е на чело на Антикорупциска, е осомничена за оддавање на службена тајна. Никој од нив, заедно со сите судии и обвинители заслужни за довербата на граѓаните од само 2 %,  не размислува да депонира оставка поради морални причини. Години наназад, јавноста не памети ниту еден од судската власт, после низа критики и огрешување пред законот, самиот да си поднесе оставка.

Не постои законска можност да бидат разрешени ако самите не се разрешат или, пак Собранието не поведе постапка, па затоа и покрај сите критики од надвор и внатре, тие се зацементирале за фотелјите и не ги пуштаат. Дел од експертиската јавност, оваа појава ја именуваат како морална ерозија во судството што трае  години наназад.

Адвокатот Сашко Дуковски вели кај нас функционерите како да се врзани со челична врвка со фотелјите и тие мислат дека со нивниот избор го достигнале врвот, без разлика дали испорачуваат резултати.

Реклама

Судството одамна е на колена и никако да се реформира. Од досегашната пракса е познато дека функционерите на судската власт, поднесуваат критики и нивниот став е дека оставките нема да донесат реформи. Власта уште предизиборно најави дека реформи во судството мора да има за да се врати довербата на граѓаните.

Неодамна, Министерстото за правда инфомираше дека поголемиот дел од пакетот закони на реформаската агенда за судството се во финална фаза. Власта очекува со реформската агенда, да се заострат критериумите при избор на функционерите од третата власт, да се подобри состојбата во судството и да се врати довербата на граѓаните во судовите и обвинителствата.