Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Свет

Осомничениот за пукањето на гала-вечерата со Трамп напишал антихристијански манифест

Вооружениот напаѓач кој пукаше на гала-вечерата во Вашингтон денеска ќе биде изведен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вооружениот напаѓач кој пукаше на гала-вечерата во Вашингтон денеска ќе биде изведен пред сојузен суд и обвинет за напад врз службено лице, пукање со огнено оружје и обид за убиство на службено лице. Американските медиуми го идентификуваа како 31-годишниот Кол Томас Ален од Торанс, Калифорнија.

Американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека осомничениот имал антихристијански ставови, додавајќи дека станува збор за „болен човек“. „Ако го прочитате неговиот манифест, тој ги мрази христијаните, тоа е сигурно“, рече Трамп, без да даде дополнителни детали за документот.

Тој посочи дека и членови на семејството на осомничениот им дале информации на безбедносните власти за неговите ставови.

Реклама

Инцидентот се случи на гала-вечерата во Вашингтон со дописниците од Белата куќа, кога осомничениот се пробил низ контролен пункт и испукал неколку куршуми пред да биде совладан од безбедносните сили. Трамп и другите гости беа евакуирани од салата.

Мотивот на осомничениот сè уште се утврдува, изјави државниот обвинител Тод Бланш, додавајќи дека според првичните наоди, цел му биле Трамп и членови на неговата администрација. На листата на цели во манифестот се наоѓале функционери од администрацијата, но не и директорот на Федералното биро за истраги, Кеш Пател, како и лица на различни нивоа во хиерархијата, од највисоки до најниски.