Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Oсмо обвинение против Рамиз Мерко

Се редат обвиненијата против струшкиот градоначалник- незаконско поставување на директор во училиштето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се редат обвиненијата против струшкиот градоначалник- незаконско поставување на директор во училиштето во Радолишта е осмо по ред поднесено обвинение против Мерко за кривично дело несовесно работење.


ОЈО Струга:” Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност директор во училиштето во Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува директорот да се избира од редот на вработените кои ги исполнуваат условите, обвинетиот на 12.01.2022 година за директор именувал лице кое немало работно искуство од најмалку 5 години во воспитно-образовна работа. Именуваната ја вршела функцијата директор од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси со што му била нанесена штета на училиштето.


Ова ќе биде жешка есен за Мерко бидејќи против него веќе се водат судски процеси за несовесно работење и прекршување на законот затоа што поставил несоодветни директори на 4 училишта во Подгорци,Велешта,Лабуништа. На обвинителна клупа струшкиот градоначалник го седна и сега веќе екс директорката на одновното “Браќа Миладиновци” ,Албана Жута која на прославата на патронатот ја забрани македонската химна,а настапи со груб фалсификат на историјата. На незаконски поставените директори им биле исплаќани милионски суми за плати и придонеси.
Мерко веќе седна на обвинителна клупа и за купувањето на автомобилот ауди А6.Неизвесно е дали тој ќе извлече жива глава за спорната набавна на луксузното возило купено за сума од 67.000 евра, без претходно одобрување на годишниот план за јавни набавки од страна на општинскиот совет, во услови кога општината имала долгови и блокирана жиро-сметка.Струшкиот основен суд оцени дека гонењето на Мерко за ова кривично дело не е застарено,по што незадоволни адвокатите на Мерко побараа смена на судијката.Таа одлука треба да ја донесе претседателот на судот.
Граѓаните на Р Македонија очекуваат правда, бидејќи одолговлекувањето на судските постапки и пресуди со кои се амнестира каков и да е криминал нема да ја вратат довербата на граѓаните во судството-велат од струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку Мерко пред лицето на правдата се најде точно по една година откако беше ставен на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси.

Реклама


Росица Голабоска