Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Сиљановска Давкова: Овој 8 Март, непосредно по несфатливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како Ден на жената

Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, само од почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, само од почетокот на годинава има две убиства на жени, а лани имало речиси 5 илјади пријави за семејно насилство. Ова го порача претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во Собранието на седницата посветена на „правата и можностите на жените“. Претседателката од говорницата запраша како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали, зошто системот на социјална заштита, полицијата, обвинителството и судството не реагираат навреме и до кога ќе ги менуваме законите, наместо оние што не ги применуваат?

„Страшно е секој 8 март, да броиме нови жртви, да презентираме најнови статистики, да дебатираме за политики, да усвојуваме стратегии, посочувајќи ги истите проблеми, презентирајќи брутални статистики, предлагајќи претходно предложени, но непреземени мерки и активности. И овој 8 март, непосредно по несфатливата смрт на Ивана и на Катја, тешко ми е да го доживеам како Ден на жената! Симболиката на празникот се изгуби во мракот на суровата, непоимлива и неприфатлива реалност“, рече претседателката.

Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи  вели дека поради непрекината низа од инстутуционални слабости згаснаа два животи. Додека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов истакна дека на оваа тема мора да се зборува искрено и одговорно, но и со аргументи. Моника Зајкова од ЛДП пак порача дека насилството врз жените не е семејна работа, тоа е државна одговорност.

Реклама

„И ако некој мисли дека тоа е изолиран случај, треба да се сетиме на Росица од Велес. Треба да се сетиме на мојата ќерка кој некој и го наруши мирот во својот дом“, изјави Фатмир Битиќи од СДСМ.

„Дали сите треба да умреме за да проработат институциите. Дали треба уште едно име да стане хаштаг, уште едно дете да остане без мајка или родители без ќерка, за институциите да сватат дека молкот навистина убива“, изјави Моника Зајкова од ЛДП.

„Факт е почитувани дами и господа дека економската зависност создава ранливост и факт е дека ранливоста носи тишина, а тишината носи неправда, а неправдата не смее и не може да биде третирана како нормалност“, изјави Љупчо Пренџов од ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на собранието Африма Гаши  за крај додаде дека овој ден е потсетник на долгото патување на жените кон нивната заслужена улога во општеството, на тивките жртви, на извојуваните победи и на оние што сеу ште чекаат да бидат добиени. Во обраќањето тој истакна дека историјата на човештвото не може да се замисли без улогата на жените, нагласувајќи дека тие се темел на семејството, двигател на образованието и инспирација на културата. Се заблагодари на пратеничките за нивната улога во законодавниот дом, нагласувајќи дека тие не се таму само за да пополнуваат квоти, туку да креираат политики и да ја збогатат политичката дебата.