Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Ослободителна пресуда за Зоран Јованов – таткото на Васил кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска кај Силбо. Основниот кривичен суд го ослободи од вина таткото Јованов во првостепената пресуда, кој се товараше за загрозување на бездноста во сообраќајот односно дека му ги дал клучевите од сцвојот автомобил на синот кој немал возачка дозвола. Од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ослободителна пресуда за Зоран Јованов – таткото на Васил кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска кај Силбо. Основниот кривичен суд го ослободи од вина таткото Јованов во првостепената пресуда, кој се товараше за загрозување на бездноста во сообраќајот односно дека му ги дал клучевите од сцвојот автомобил на синот кој немал возачка дозвола.

Од судот велат дека по внимателна анализа на обвинението, оцениле дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не ги содржат законските обележја. Кривична одговорност, велат, не може да биде само врз основа на тоа што тој е сопственик на возилото, ниту пак повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело.

„..Согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола. Законодавецот ваквото однесување изречно го регулирал и санкционирал како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а судот не може преку проширено толкување на кривичниот закон да создава нови облици на кривична одговорност кои законодавецот не ги предвидел. Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело. Бројот на прекршоците не може да создаде нов правен квалитет на дејствие доколку не се исполнети законските обележја на конкретното кривично дело“ стои во соопштението од Кривичен.

Реклама

Одлуката ја донесе истата судијка Снежана Марковска која го осуди Васил Јованов на 12 години затвор. Против оваа одлука може да се жалат пред Апелација.