Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Општините се подготвуваат за инвестициски бум со парите од поволниот унгарски кредит

Нови клиники, училишта, градинки, патишта, канализации. Македонските општини под полна пареа откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови клиники, училишта, градинки, патишта, канализации. Македонските општини под полна пареа откако Владата обезбеди поволни финансиски средства за капитални проекти преку поволниот заем од Унгарија. Во очекување и на вториот дел од траншата од вкупно предвидените 250 милиони евра која ќе се дели по исклучително поволни услови, локалните власти веќе ги финализираат постапките за реализација на проектите: Некои од нив веќе велат дека потпишле договори со фирми и претприемачи за капитални проекти.

Еден од тие проекти е поликлиника во Кисела Вода. Тоа ќе биде еден од проектите кои што напролет ќе започне да се гради. Практично ќе аплицираме со истиот за да ги обезбедиме средствата преку владата, односно преку унгарскиот кредит и ќе отпочнеме со градба на поликлиника конечно после 50 60 години барање на нашите сограѓани. Но, исто така ќе се гради полициска станица во Кисела Вода ќе се прават доградби на училишта, одредени патни поврзувања имаме во инфраструктурата инвестиции и така натаму“, рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода.

Парите се достапни за сите општини. Тоа повеќепати го потенцираше и Владата како одговор на критиките дека наводно ќе се фаворизирале само градоначалниците од валста. Потврда на ова е скопската општина Центар која веќе има аплицирано за финансиски средства за реализација на неколку проекти.

Реклама

„Ние како општина аплициравме за два проекти. Тоа е втората фаза за спортската сала Работнички и хортикултурно уредување во делот на Зелениот пазар. Двата се капитални големи проекти со сума од 120 милиони денари. За едниот повик за втората фаза за салата Работнички потпишавме и договор со владата. За холтикулрнутно уредување се уште немаме известување немаме потпишано договор. Поголем дел ќе бидат паркинзи зашто најголем дел од општината е паркирањето. Подготвуваме неколку проекти за подобро паркирање и зголемување на капацитетите за паркирање во општината“, рече градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

И скопската општина Ѓорче Петров во новата 2025 година ќе се модернизира со нови капитални проекти. Планирани се училишта, градинки, а во план е изградба и реконструкција на старите локални патишта.

„Приоритет дадовме на изградба на уште една нова детска градинка во блокот СЗ 16, во новиот дел на населбата Александрија, која што ќе служи за 200 дечиња. Ќе биде една од најголемите во Ѓорче Петров, проект вреден отприлика околу 2 милиони евра. Дадовме приоритет на изградба на сите локални патишта во руралниот дел од општината. Исто така планирани се средства за реконструкција на „Домот на културата“ средства за реконструкција на салата Христо Батанџиев и уште неколку други проекти кои ќе бидат фокусирани во урбаниот дел на општината“, рече градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Инаку средствата како и во првиот јавен повик ќе се распределат преку шест министерства кои ќе треба преку комисиите за евалуација да дадат амин за изведба на ваквите проекти.

Во првиот јавен повик учествуваа 80 општини со дури 357 проекти. Од Владата тогаш соопштија дека високиот интерес само потврдува дека мерката за 250 милиони евра капитални инвестиции е оправдана и дека ова ќе биде историско високо ниво на инвестиции важни за локалната самоуправа со поддршка од Владата. Проектот е отворен за сите општини, вклучително и за Град Скопје.