Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Општина Струга со поддршка на лицата со ретки болести

Со илуминации на општинската зграда, основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Јосип Броз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со илуминации на општинската зграда, основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Јосип Броз Тито“, црквата „Свети Ѓорѓи“, џамијата „Мустафа Челеби“ и Плоштадот, Општина Струга се приклучи во поддршка на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.

Општина Струга, како што посочи општинската прес-служба, ја поддржува иницијативата преку осветлување на одредени јавни објекти во боите кои симболизираат солидарност и поддршка за лицата со ретки болести.

– Поаѓајќи од фактот дека секој граѓанин треба да биде еднаков и дека мораме заедно да работиме кон инклузивно и праведно општество, месец февруари е посветен на подигање на свеста и информирањето за ретките болести и секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата што живеат со нив, велат од Општина Струга.

Реклама

Кампањата, нагласуваат, ќе продолжи во tекот на цел февруари, со цел зголемување на јавната свест, информираноста и емпатијата кон „ретките“ меѓу нас.